Да се надополнам..правев тест уште еден сабајле излезе негативен,и немам пишано дека тој нема свршено никогаш во мене,единствено ако некогаш останал неизбришан некој сперматозоид и така влегол...Ме болеше стомакот денеска но сепак не ми дојде
Редовно имаме секој ден освен за плодните денови.минатиот месец добив на 5 вечерта,а според апликацијата треба на 2 да добијам но неа ја користам само 1 месец не знам колку е точна..
Не е точна. Може да биде точна само ако имаш редовен циклус или ако подолго време ја користиш, па се прилагоди на твојот циклус. Ти не знаеш инаку на колку време добиваш? Никогаш до сега не си пратела?
Најчесто ми доаѓа во први 10 дена од месец порано беше на крај па се помести но тогаш не бев сексуално активна...Откако станав тоа е 5 ден од месец
Апликацијата ќе ти е точна ако внесеш точни податоци ти. На колку време добиваш и колку време ти трае.
@CherryPop најверојатно не е бременост во прашање. Телото ти се прилагодува на фактот дека станало сексуално активно. Можеби тоа е причината. Често се случува пред да стане сексуално активна некоја девојка да добива на пример на 28 дена, а откако ќе е активна на 26, на 30..зависи. Убаво би било да закажеш преглед на гинеколог, матичен или приватен, чисто да те прегледа и да знаеш општо каква ти е матката, јајниците, дали има цисти, некои други работи и да ти биде мирна главата.
Женски здраво! Ме интерсира дали сте чуле за тест за бременост Self Clear кој дава резултат и по 5 ден после зачнувањето? Дали има некоја искуство, колку е точно, може ли да му се верува? Оти мене ми изгледа некако прерано...шознам
Имам нередовен циклус, синоќе имавме секс со дечко ми, несакајќи му се “лизнало“ и мал дел од спермата завршил во мене, отидов веднаш под туш со топла вода ама од стомак надоле се туширав, ако после 2,3 дена направам тест дали ќе имам резултати или да почекам недела, две?
Освен за хигиена, тушот нема да помогне ололу спречување евентуална бременост. Ова доколку го спомена истиот со таква намера. Норлево евентуално би помогнало околу истото. После два три дена резултатите ќе бидат негативни. Почекај да ти касни или како што си пишала, почекај 2 недели, за да биде истиот веродостоен.
За тест треба да поминат 14 дена од ризичниот однос. И туширање не помага, спермата си влегува внатре и не можеш да ја измиеш, кај некој и Капка е доволна. Норлево ќе те спаси. Ама овие апчиња се пијат само 2 во годината. И од апчето после можи да ти се измести циклусот.
Овој месец не ни помислив дека ќе направам тест,некако многу бев преоптеретена со други нешта,ама еве тоа си го терало своето! Второто бебенце е на пат❤️Ви пуштам среќа на сите што посакувате,дај Боже да ве навлечам во другата тема(труднички муабети) што поскоро,ако даде Господ да е се во ред!Ве гушкам