Proveriv pred malku i mi pokaza samo edna linija iako mi izgleda malku bleda no sepak ne sum. Se nadevam ke dojde sto pobrzo.
Купив тест за бременост е сега многу порано го отворив, а пишува тестот е невалиден ако се извади од заштитната фолија 15 мин пред употреба. Не знам како не го прочитав тоа а и со црвено пишува инаку прв пат правам тест. Го направив ми покажа една црта е сега не знам дали е точен бидејќи пишува дека е невалиден ако се отвори порано. Да направам ли уште еден?
Околу 5-6 часа, ама пак го ставив во заштитната фолија веднаш кога го отворив. @Kitten така и си мислев ќе направам уште еден за сигурно. Овој го утнав.
Јас правев тест отворен сигурно 2 месеци. Го направив ради реда, па испадна позитивен. Ми беше претходно отворен да видам каков е . Направи уште еден да се осигураш. Иако мислам дека не му е ништо. Ако е на суво.
@duffi на суво беше го наместив како што си беше. Го ставив пак во заштитната фолија, па во кутичето. Пуста моја радозналост ќе земам уште еден што е сигурно сигурно е.
Мoјoт и нa сувo не беше oд тaa рaдoзнaлoст .. Вo купaтилoтo гo чувaв кaде се туширaме и е влaжнo oд пaреaтa и си пoкaжa 2 црти Сепaк нaпрaви уште еден дa си пoмирнa.
Не не имав само една линија и тас беше бледаста. Сеуште ми нема дојдено и никакви симптоми немам за тоа. До денес точно една недела. Се јавив на матичниот гинеколог ми кажа да почекам уште една недела но мн сум паничарка само на тоа мислам и премногу се оптеретив незнам што да правам
Најверојатно. Интересно е тоа што долниот дел ми е премногу подуен во поголемиот дел од денот а во одредени моменти е сосем нормален. Имам повремени болки кај јајниците како за доаѓање но ништо. Акни исто така сега почнаа да ми излегуваат но никаква болка во гради немам. Од 14 год до моментални 22 никогаш не ми доцнела и затос сум вака исплашена.
Дали истовремено се појавуваат линиите на тестот? Откако го направив имаше само една линија за негативен, како што и ставив слика погоре, после тоа цел ми се истопи во вода и сега една недела пред фрлање видов многу бледа линија.. Мислите ли дека е позитивен? Значи 10 мин по правењето имаше само една линија .. во упатството пишува дека после 10 мин од правењето станува невалиден