Zdravo devojki jas da vi se pofalam so dve crti Presrekna sum mi se ispolni sonot. Na site vi posakuvam sto e mozno pobrzo i vie vaka da se izraduvate na dve crti. Pozz
Ми треба мислење за ситуацијата.. Првиот тест што го постирав тука во првите 10 мин од правењето беше негативен со една црта..5 дена по правењето на истиот пред да го фрлам го отворив и видов втора бледа линија, но претходно целиот ми се истопи во вода, а и на упатството пишува дека резултатот после 30 мин од правењето е невалиден.. Не ми беше ова сигурно и направив втор тест, од оној германскиот за во секое време, и тој испадна негативен. Во периодот кога требаше да добијам имав болки во левиот и десниот јајник, како за добивање но ништо.. други симптоми и немам, болки во гради сум немала никогаш, немам ни сега.. Имам бело прање, а и минатиот месец бев на една недела во странство, па после и настинав, но не примав терапија. Ми касни 15 дена, првиот тест го правев со доцнење од 7 дена, а вториот со каснење од 12 дена.. Мислите ли дека е можно да е лажно негативен?
Здраво девојки, Денес ми е терминот за добивање, направив тест за бременост преку урина "Be safe" но не со утринска мокрача и излезе негативен. Симптоми за ПМС имам но само со појак интензитет и подолг период од обично. Дали е можно тестот да е лажно негативен?
мене докторката ми рече кога касни ден, два, секогаш тестот со прва мокрача да го правам, не подоцна. ако касни 5 дена и повеќе, може било кога во денот ке покаже. земи нов и сабајле пак направи.
Ми треба мислење..знам дека тест да се прави со еден ден доцнење би покажал точни резултати..ама не ми е јасно дали Еден ден доцнење од очекувамиот термин за добивање менструација? Или од минатио месец ако си добил пример на 18ти и сега можеш тест да правиш на 19ти овај месец.. т.е еден ден после тоа.. Не ми е јасно Фала ви
Да напоменам јас правев sure check сношти и излезе негативен Минатио месец имав на 18ти и сношти направив тест сношти беше исто нели 18ти..А требаше да добијам најдоцна до 16ти бидејќи секогаш ми иди неколку дена порано од датумот..некогаш 5 некогаш 4 некогаш 3дена но сегогаш порано а сега уште ми нема дојдено.. И имам многу стрес само чекам да ми дојде
Ти изгледа не знаеш што е менструален циклус. Не колку време крвариш - колку време поминува од едно до друго добивање. 28, 30, 35 дена?
Кукличка Јас убаво пишав само ти изгледа не ме разбра кажав некогаш 4 дена порано значи на 27ден некогаш 28ми некогаш 29ти ден порано не од 27ми не ни подоцна од 29ти ден во месец. Значи не на 30дена не на 35 ачи не стандард на 28 дена знае некогаш на 27ден некогаш на 28..29 али тие три само Сношти кога правев sure check ми беше 31 ден од последната менструација
Менстроален циклус се рачуна од првиот ден кога си добила па колку дена минале до следниот циклус. А не да гледаш ако ти дошло на 18-ти минатиот месец дека ќе добиеш на 18декенври. Прерачунај ги претходните циклуси и ќе знаеш колку дена ти трае циклусот. Пр: минатиот циклус си добила на 18 ноември и ако твојот циклус трае пример 28 дена, тогаш следната менстроација треба да ја очекуваш 15 декември. Се надевам дека ти објаснив.
Разбирам само не ми иди секогаш на 28ми ден во октомври имав на 23ти ноември на 18ти значи на27ден .. предходно на 28ден затоа кажав не ми иди секогаш стандард на 28 туку некогаш на 27 некогаш на 28 некогаш ретко на 29. А сега има поминато 32 дена од последната менструација а правев тест сношти на 31 ден значи кој излезе негативен но незнам колку може да е точен.што мислите ?
Или почекај уште некој ден па направи пак домашен рест или оди испитај бета тест преку крв тој е најсигурен тест и најрано може да подтврди дали има или нема бременост за да си бидеш на раат.
Фала ти да прашам уште нешто на тесто пишува со само еден ден доцнење дава точни резултати тоа се мисли од денот кога оче куваш да имаш циклус како во мојо случај од 15-16 декември? Иначе јас имав однос незаштитен на 1ви значи во плодни денови но со свршување надвор од тој ден до денот кога правев тест има поминато 18дена што би требало да има точни резултати..а нареден однос на 7ми значи 12дена од последен однос исто незаштитен но не во плодни денови и не ризичен но имам страв од таа предсемена течност и сега со стрес можи и затоа не ми иди. Btw ова за ум за нареден пат за секс без заштита
Абе 27-28-29, па нема менструацијата саат да види дали поминало полноќ и да ти дојде точно на 28-от ден во 00:00. Еден ден порано или подоцна не се смета ни подранување ни доцнење. Оти не си симнете апликација за да си водите ред на циклусот, ако ништо друго барем ќе ви предвиди од прилика кога ќе добиете?
Незнам што да ти кажам постојат многу опции сум читала на форумов дека имаат забременето и од пред семена течност,овулацијата не секогаш е точна може да биде порано може и покасно да се случи. Памет за друг пат да ова ти е искуство и школо . Се надецам искрено и од срце да биде се во ред кнака како ти посакуваш да биде. И уште нешто каснење на менс циклус не секогаш значи бременост. Ти останува да си испиташ бета да си знаеш на што си верувам дека си под невиден стрес.