Па генерално ми е редовен. Обично добивам на 27-28 ден. Иако во Ноември исто ми каснеше една недела а после во Декември добив на 27 ден
Jas na denot koga trebase da dobijam pravev test i izleze pozitiven ama epten bleda linija. Ako tocno si znaes plodnite denovi kje pokaze tocno ama podobro neka pomine den dva
Јас не ни чекав да ми задоцни. На 31 требаше да добијам не добив иако имав јаки болки. Си купив тест и одма две јаки црвени линии. Не се растажувајте ако не овој месец сиг следниот ќе биде.. Феминки се со вас
Дали е можно бета да покаже помала од 1 на 18 дена од однос а да се работи за бременост? Мислам дали е можно да е рано затоа што циклусот не ми е редовен?
Леле ептен ми е страв се опседнав. Не сум правела обичен тест, само преку крф и испадна бета помала од 1. Го правев на 35 ден од циклус и 18 ден од однос. Се тешам дека не е ништо..
Јас последниов циклус (редовен циклус имам 28-29 дена) направив тест преку урина на 27 ден, излезе позитивен со бледа втора линија. На 29 ден од циклус направив и преку крв, бетата беше 23.3. Докторката ми рече дека е ниска и дека нема ништо да се види на ехо и точно, така и беше. Ми рече да одам за 7 до 10 дена повторно на ехо. Бидејќи ми беше сомнително тоа со ниската бета, за два дена (на 31 ден од циклус) направив повторно тест преку крв и бетата беше намалена на 5.7. Истиот ден прокрварев односно си добив менструација. Докторката ми рече дека се работи за биохемиска бременост. @feminka94 можно е и кај тебе да се случило истово, да си имала повисока бета доколку си направила тест 3-4 дена порано и истата подоцна да се намали на 1.
Здраво.. Нели на тестовите пишува само првите 10 минути се валидни? Јас правев и имаше само една црта, ама после подолго време пола саат од прилика имаше бледа цртка. Ама тоа веројатно не е позитивен, нели?
Не јас прв пат правев тогаш на 35 ден од циклус и 18 ден од однос и бета испадна под 1. Јас во моментов несакам бременост и од што сум испаничена дека уште не добив викам да не е рано па да не покажала..
Направи уште еден за секој случај. На самиот тест пишува дека е валиден само во првите 3-5 минути зависи, ама па не ми е логично ако го нема хормонот хцг да се појави цртка. Најдобро направи уште еден, или ако ептен се сомневаш направи тест преку крв. Тоа ти е најточно.
Обично тестовите линијата на тестовите обично излегува појавува брзо така да нема потреба од читање на резултати после 10 минути барем кај мене е така сум правела повеќе видови на тестови и ако има бременост ми покажува брзо а ако нема нама бременост.