Се сложувам со лавица, треба нов тест да направиш. 3-4 капки се доволни, ова е размачкано од премногу урина. Направи нов тест и стави го тука пак, па ќе ти одговориме.
Добра вечер девојки Вака, последниот циклус ми беше 24 -ти април помина за 5 дена се нормално, на 1-ви и на 5-ти мај имавме незаштитени односи, т.е сврши внатре. Дали има шанси да станам бремена и кога најрано може да се направи тест ? Инаку после тие денови имам некои чудни тапи болки во долниот дел на стомакот, некоја мачнина, подуеност Дали е можно од тоа што сврши внатре така да се чувствувам или си умислувам ,
Девојки ми касни скоро две недели правев тест и еве што ми покажа, до сега вакво нешто не сум видела да се размачка црвена боја... Слично искуство? Незнам ова како да го толкувам...
Мене првиот тест вака ми се размачка со црвена боја, но сепак имаше и втора линија потемна од размачканото. Сепак повтори го. Јас го повторив. Т.е. купив друг од зегин, овој не ме бендиса.
Кај мене не гледам втора бледа така да негтивен е, сепак ќе одам кај матичната да се осигурам, фала ти
И јас сум во исчекување овој месец, денеска ми е 34 ден од циклусот сеуште не сум добил.Има веќе 10 месеци што се ообидуваме за второ дете а никако да фати.денеска направив еден тест од тие обичните ефтините, прво видов само една линија но откако помина 7-10 минути некако кога го зедов во светлина видов уште една едвај се гледаше.Сега не знам дали е веќе валиден тој тест зашто помина повеќе од 5 минути. Ќе почекам утре пак ќе направам уште еден ама не знам кој е најдобар? Поздрав
Колку чинат тестовите за бременост? До која цена се движат највеќе? Кој е најдобар ,најбрз и најточен?