Еве го тестот после 5 мин..Искуство со тестови имам скоро година.3 капки ставив како секогаш. После еден час кога го извадив од чанта беше зомби. Да се разбереме @zalosna Ќе чекам до утре, задутре ако не дојди правам нов!!!
Мила јас мислам дека си преоптеретена напната.Ти ја разбирам грижата една година се обидувате ама земи малку олабави се.Сакајте се водете љубов имајте секс секој втор трет ден не се води по плодни денови можеби ги утнуваш.Уживај само по себе ќе си дојде или евентуално појди на најосновните испитувања за мирна да бидеш.
Негативен? Јас гледам само една црта. Утрово го направив па незнам колку е точен. Капнав три капки и после околу 7 минути го покажа овој резултат. Почекав уште некое време од 10минутки и беше сеуште вака и го фрлив. А менструацијата сеуште ми доцни веќе 16дена незнам зошто да не имам некој здраствен проблем бидејќи не ми е прв пат да ми доцни многу но овој пат најмногу. Имам некои симптоми како за идење ме болат градите,осеќам замор и стомак ме болеше вчера но не ми дојде
Бидејќи ми е страв и срам мајка ми да ме дознае бидејќи не разговарам со нејзе околу овие теми. А и тука ми е многу срам да отидам на гинеколог бидејќи луѓето се никакви ги интеррдира туѓи интереси многу оговараат веднаш ќе речат бремена е сигурно,којзнае што се десило..итн филмови ќе си прават и веднаш на моите ќе ме издадат дека сум била на гинеколог а подалеку неможам да отидам и да сакам прост народ да неможе човек да се прегледа
Девојче каде и во која година живееш? Абе како било срамота да идеш на гинеколог ти мораш секоја година на преглед да идеш доживотно! Исто е и со преглед на гради. Под итно земај картичката и право на преглед, не те срам тест за бременост да купиш те срам кај гинеколог да одиш.
На гинеколог се оди и за здравје, не само за бременост. А ако имаш хормонално пореметување??? Знаеш што се може да се деси? Скраја да е нешто друго??? Зошто толку плитко размислувате??? И од тироидна може да ти касни. Не е играчка. Оди на гинеколог.
Уфф не се разбирам многу можно е не велам не но прво да соберам храброст да разговарам со мајка ми па потоа да отидам со мирна глава како човек
Мораш со мајка ти да одиш на гинеколог??? Зошто да мора да знае она дека ќе одиш?? Земи книшка, избери матичен и толку... Колку години имаш?? Мада мислам за преглед и малолетна да си не прават проблем.
Не не мислев на тоа со нејзе да одам туку да не ме дознае од други дека сум била на гинеколог па да бидам сомнителна инаку не сум малолетна имам 20.
@BrokenHeartA95 Па и од други да дознае што е страшно тука? Ке си и кажеш мислам дека имам проблем не сакав/м да те тревожам,а што доколку ти беше позитивен тестот? Исто ке беше,не е срамота да се оди на гин. потреба е. Послушај поискусни и оди провериси за еден ден да не биде зошто со време не решив нешто. Дај боже се да е во ред никаков проблем да немаш,па без срам да си ги обавуваш сопствените обврските. Сепак за здравјето твое се работи
Зошто толку им се тресете дома??? Шо ако кажат? Тогаш одма кажи и на мајка ти, одам имам проблем. Толку. Не си дете, ова се твои обврски. Нема веќе мама чим си решила да си сексуално активна. Башка на гин се оди со прва менструација... П.с. мајки, зборете отворено со ќерките за секс и слично....
Денес требаше да добијам ама сеуште абер нема... Ке чекам до вечер што ке се случи. Ако не добијам, бива ли сабајле да го прам тест и по можност || да покаже? Спојлер: Пак ке речете рано е знам -.- @joy1 @LiliBoz @ivi1987
Направи сабајле тест или па за уште посигурно оди преку крв да ти испитаат, мене така ми утврдија ти кажував. Стискам палци и ти ја пуштам целата среќа да е позитивен тестот Одвај чекаммм