Denes pravev vtor test i toj isto kako i prethodniot...mnogu bleda vtora crtka, ah neizvesnosta kje me ubie, sto da se pravi
Hcg нивото на хормонот е тоа. Во ептен рана бременост си, макс до 3 недели. Кога ти беше последна менструација? Ти рекоа да направиш пак тест за некој ден?
Мора да направиш пак, да видиш дали правилно ке се дуплира. Консултирај се со гинеколог... На колку денови ти доаѓа менструација?
Сигурно и овулацијата ти била подоцна тогаш, исто и мене така ми доаѓаше и касна овулација имав. Па бременостите никогаш не беа точни со датумот од менструација.. Направи си во пон уште еднаш преку крв и со лесно
Феминки, малку оф-топик, ама сакам само да споделам искуство и да реферирам дека доколку навистина се сомневате дека сте бремени, веднаш на лекар на тестирање крв - поточно амин! Ова ми се случи минатата година. Имам прилично редовен циклус, во брак сум скоро 3 години. Лани за прв пат ми доцнеше 5 дена и одлучив на 5иот ден сабајлето да направам тест за бременост. Купив sure check (види фото). Веднаш се јавив во една од нашите приватни клиники да закажам преглед, ми закажаа дури после 1 недела. Не можев да дотраам веќе наредниот ден напраив нов тест со ист резултат, бледа втора линија , а пак другиот ден наутро добив болки како за добивање и добив. "Мензисот" траеше 3 дена (никогаш ми се нема случено, секогаш 5 дена ми трае) и беше кафеав... не беше ни мензис, ами кафеав исцедок. Дојде датумот за на лекар, ми рече многу е рано, ништо не можам да видам, ако не добиеш во наредните 2 недели дојди повторно, до тогаш срцето треба да биде развиено. Мене исцедокот не ми престана, после секое одење во вц го имав. Отидов после 2 недели, не видоа ништо, рекоа дека се е во ред со матката и јајниците и дека често се случувало да се добие вакво пореметување при стрес !!! На докторката дури зачудено и реков дека не живеам под стрес, напроти мирно и сталожено, немам нерози, немам стресни ситуации... Ме испрати на крвен тест кој беше негативен и ете така ме откачи... Од првиот ден кога ми почна исцедокот до последниот поминаа 49 дена, за да добијам редовен мензис на 50тиот ден. Понекогаш се сомневам дека било спонтан, којзнае, никој ништо не ми кажа, едноставно ете, се случи... Затоа при најмал сомнеж, уште веднаш на лекар со тест за крв да ви се потврди и да си ја терате бременоста на раат
И мене ми звучи ко да фатило и да пуштило.. Посебно ако е ептен рано затоа лесно си прошла без болки и обилни крварења . Јас кога имав спонтан бев крш. Болки крварење доле се отворив...
Искрено и јас го мислам истото, дека преку тој исцедок сум се исчистила по природен пат... Прв пат во животот имав исцедок таков, до тогаш немав видено такво нешто. Првите 3 дена има болки како за добивање (имам прилично болен циклус), а останатите денови кои следеа само онака ја чувствував десната страна повеќе, бев поддуена и се сеќавам дека ждригав многу често )
И јас имам исто искуство. Позитивен тест после неколку дена почна кафеав исцедок пат под нозе на гинеколог ко да има,ко да нема. Ехото покажуваше 4 недели и 4 дена. Не ми дадоа никаква подршка,да сме оставеле на господ. Оставивме наредниот ден веќе пообилно почнав да крварам. И после недела дена ме пратија бета да испитам ми беше 6 ете ми рекоа гледаш не си бремена. Не сум сега им реков ама пред една недела бев.
Исто и јас бев 4 недели и 4 дена кога отидов прв пат на лекар. Демек, ништо не можам да видам, јајниците се во ред, ајде дојди пак за 2 недели ако не добиеш, тогаш ако има плод ќе се слушне и срцето... А намерно не отидов во државна, си реков ќе одам на приватно, ќе ми посветат внимание...