Не имав закажано за вчера да отидам но во понеделник добив и не отидов а баш се радував оти до сега се точно ми доаѓаше
Здраво, ќе ве молам за мислење..вие што имате правено тест за бременост преку крв, во петок треба да правам а денес два домашни направив и бледа втора линија за позитивен тест ми се појави, е сеа прашањето ми е дали тоа дека е бледа линијата може да значи дека ќе испадне слаба бета или да не се грижам? ми се уврте во глава дека може да е нешто такво..фала ви!
Нема слаба бета, не постои такво нешто, не грижи се ти веќе си бремена. Бетата е бројка и таа бројка треба да се дуплира секои 48ч. Кога таа бројка ќе достигне 2000 тогаш ќе ја видите точката во меше на ехо. Не се оптеретувај, уживај
Девојки ве молам за мислење. Претходната бременост ми заврши трагично во 7ми месец. Од минатиот месец решивме со мм повторно да се обидеме. Треба да добијам за 3 дена, ама веќе неколку дена осеќам големи мачнини. Пред два дена решив да напраам од оние тестовите што покажуваат као точен резултат неколку дена пред да доцни и испадна позитивен, со тоа што линијата не беше баш црвена, туку малку бледа. Но, сепак нели е позитивен. Денес решив да направам повторно тест со утринска мокрача. Овој пат линијата беше значително побледа. Тоа малку ме збуни па решив да направам тест преку крв. Тестот преку крв испадна негативен, но не е од оние штопокажуваат точно колкаво количество HCG има во крвта. Дали има шанси сепак да сум бремена? Чудно ми е ради двата позитивни теста преку урина....
Zdravo , deneska kupiv test SureCheck ama uste koga go otvoriv imase edna linija .. bidejki prv pat pravam , ne znam dali taka treba da bide ili mojot bese defekt hahaa ?
Дефект е сигурно. Нема ниту една линија после се јавуваат. А мене на прва бррменост во ист ден шурчек не ми покажа линија а на тие другите од 30 40 ден ми покажа и точно беше
Здраво, дали може да ми кажете во кои лаборатории во Скопје го прават тестот за бременост преку крв и колку чини? Ако може да ми објасните како оди процесот (дали се прави рано на гладно) и за колку време би ги добила резултатите.
Imam praveno vo promedikA krvna slika bremen Koa bev ,toa e karsi ramstor ali ne naplativ I odev gladna ... E sea za tvojava situacija nz ..
Со упат од матичен ти е минимално за плаќање додека приватно околу 700 денари и резултатот ти е готов за 15-20 минути. Нема потреба да е од сабајле и не мора да си гладна.
Кажетеми дали е позитивен тестот како да се гледа бледа линија ?? На другарками и доцни 5 дена но нема никакви симптоми а тестов го правела одкако и доцнело 2 дена.
Позитивен е. И јас имав таква линија кога правев пред да ми касни и после направив од кога ми каснеше беше појака линијата. Рана бременост е. Нека направи уште еден за сигурно.
Овој тест е позитвен, нека и е со лесно на другарка ти , за некој ден нека си оди на гинеколог да ја ѕирнат, поздрав А за симптоми, не мора секоја да има симптоми, јас цела бременост не осетив ништо поразлично, освен после 18та недела едно бебуле што мрда
Денеска направи уште еден иста ситуација бледа линија веќе поминаа 7 дена од доцнењето..Во друга држава е сеуште нема документи за да отиде на лекар ќе мора да чека додека да дојде тука..Но нестрплива е бидејки одамна сака да остане бремена.
Првиот го правела по два дена доцнење, вториот по седум и пак исто бледа линија како оваа на сликата? Не сакам да бидам негативна, ама постојано бледа линија која не потемнува или напротив, станува посветла има кај биохемиска бременост, т.е ран спонтан. Нека направи утре пак и нека следи и да се надеваме само дека е здрава бременост со бавно растечка ХЦГ. Со среќа!
Може да е во ред бременоста иако се бледи линиите, кажувам од искуство ( после 4 дена доцнење правев тест кој мн не го загледав и го прогласив за негативен, сеуште немав циклус и на 8 дена доцнење направив повторно и тестот имаше мн бледа линија одвај забележителна дури на форумот прашував дали воопшто ја има или од голема желба мене ми се причинва, откако повеќе девојки ми потврдија дека навистина ја има закажав и на гениколог, трет тест направив на 11 ден од доцнење и имаше изразита црвена втора линија на 16 ден од доцнењето бев на гениколог и сеуште неможесе со сигурност да се утврди поради најверојатно доцна овулација и дури наредната недела на ехо се виде убаво ембрионот и го слушнавме срценцето) Напишав опширно за да го објаснам убаво моето искуство дека при доцна овулација возможни се овие бледо црвени линии на тестот, а и се потврди дека е доцна овулација затоа што бебенцето на сите прегледи до сега е 1 недела и 3 дена поназад од тоа што би требало ако била навремена овулација според последниот циклус
Земајќи во предвид дека бебенце е 10 дена помало, значи дека кога си ги правела првите два теста во суштина сеуште не ти доцнело. Јас, пак одговорив исто, по мое искуство, правев тест 10-ти ден од овулација, слабо позитивен, што беше и очекувано толку рано, но следните 6 дена линијата исто слаба, седмиот појака, осмиот пак исто слаба и тука се заврши. Ама, ако Господ сака, се е можно. Да се надеваме дека резултатот ќе биде како твојот, а не мојот.
Тест за бременост кога точно може да покаже резултати, неколку недели после однос или неколку дена после доцнење на циклус?
Ден/два после доцнење треба да покаже бледа линија на утринска мокрача. 4/5 дена од доцнење ќе си покаже за сигурно и убаво