ве молам,кој е тој тест кој си го зела а покажува пред да ти задоцни? Не можам да чекам баш. уште најмлку 7 дена имам до циклусот
Јас прво го направив Surecheck, 4 дена пред да ми доцни и имаше втора линија и тоа не многу бледа. Направив уште еден. Еве слика од моите тестови 4 дена пред доцнење
Self Clear , го има во повеќето аптеки околу 180 ден. Наводно покажува 5 дена по можно зачнување односно 8 дена по овулација. Мене ми покажа точно
за шр чек сум читала и негативни коментари затоа и прашувм но сега ќе пробам со тој што ми го предложи,инаку 17 дена има поминато од односот. Верувам ќе покаже ако има нешто
Не би сакала да те излажам, ама мене сега, а и на другарка ми за две бремености и пожа пред да и касни. Мене дури и на крв ми рекоа негативно, а два селф клиар напраив имаше бледи линии. Да скратам, бремена сум 5та недела.
Здраво девојки да си прашам како што викаат од прашано грешено нема . Е сега на пример ако сте добиле предходниот месец на 28 дена и другиот месец чекате да добиете на 28 затоа што јас предходниот месец имав добиено на 29.09 29ден од последната менструација и сега да рачунам дека три дена ми касни ? Денес 31ден од предходната уште немам добиено иначе не добивам секогаш исто ретко така се случува но сепак секој месец си добивам е сега од 26 дена до 31/32 и затоа барам мислење дали да правам тест или да си почекам уште некој ден ?
Најдобро со утринска мокраќа? Вчера мислев ќе добијам имав болки во долниот дел кај стомакот како пред менструација ама ми поминуваше па пак се појавуваше и така доле кај матката некаква болка кратка, зголемени гради и малку болни на допир, овој месец ми се има случено и како да ми се врти помалку болки имав пред некоја ден или недела дена во половината, се заморувам брзо кога сум наведната неможам да стојам подолго време во таа положба и го чуствувам стомакот подуен и ми се спие понекогаш порано. Демек симптоми, а можно е и да не значат ништо затоа што се слични со менструалните па ќе видиме
Само позитивно истите симптоми се, дај Боже да ти се оствари желбата и за 9 месеци да си се гушкаш со бебче
Девојки, сакам да прашам дали даваат на малолетни упат за тест на бременост преку крв или сепак треба да се појде со родител ?