Здраво девојки Денеска ми е 22-ри ден од последниот циклус. Ми доаѓа на 28 дена иако претходниот два дена порано. Читам ваши мислења за тестовите кога и кои тестови, па кога најрано да правам тест во мојот случај без да чекам да ми доцни, кој од тестовите може да најрано да даде резултати? Пуста желба голема нестрплива сум
Девојки мене ми доцни седум дена, денес правев тест и ми покажа бледо розева линија. Веќе две недели градите ми се подуени и ме болат.. Но некако не сум уверена во тестот оти 11 месеци се обидуваме.. А пред 4 дена бев на гинеколог (кај новата матична) и ми рече дека имам полицистични јајници и ме прати да испитам хормони.. И дека ќе имало проблем за забременување.. Рече дека имам знаци дека ќе ми дојде скоро, ама може да се исти знаци и на почетокот на бременоста.. Ништо не ми е јасно..
Кога ќе биде најдобро да го повторам тестот? И после колку време се оди На гинеколог, после колку време може да се види бременост на ехо?
Да, и мене исто ми рекоа, тешко со полицистични јајници, па останав после месец дена. Симптомите ми беа болки во гради и јајници како пред да добијам. Требаше да добијам на 02.08, на 15.08 направив тест, на 16.08 бев на ехо, се гледаше само она како гравче што го викаат, кога се спрема матката за бременост, а почеток на септември веќе имаше срцева. Испитај си бета хцг во меѓувреме преку крв, тоа ќе ти покаже. Јас стискам палци
Јас веќе имам едно дете, со неа останав бремена уште од прво легнување што се вика.. А ако биле јајниците полицистични како претходниот матичен кој ми беше 4 години не ми го кажал тоа, не ми е јасно
Мој совет е да почекаш уште една недела за бета хцг и да си испиташ. Мене па матичната ми вика, не се секирај, тестовитс не се точни секогаш. Ја ѝ викам не се секирам, сакам, намерно е
Ми даде упат за ГАК, испитување на хормони на третиот ден од менструација, сега веќе сум хаос во главата.. Ништо, ми преостанува само да чекам и да се надевам дека тестот е точен
Девојки мислење има или нема бременост? Овој вториот изгледа сум го утнала, многу мокрача ставив изгледа
Девојки Купив денеска тест Pesto, има два теста внатре и пишува детектира бременост пред да ти задоцни. Денеска ми е 28-ми ден, имам благи болки во стомакот и како секој момент дека ќе ми потече и малку осетливи гради, ако во текот на ноќта не добијам утре изутрина го правам. Го молам Господ и Мајка Богородица да ми подари едно мало ангелче Дали има некој искуство со ваков тест да сподели Утрово го направив тестот и нешто не ми е јасно, како да гледам уште една бледа линија не многу силна но се познава како сенка, незнам дали може да се забележи на сликата Што мислите за тестот негативен ли е?