mene prvata bremenost mi bese vaka bleda pa posle 2 dena napraviv test i izleze pozitiven moze da si vo mnogu rana bremenost pocekaj uste nekolku dena i napravi pak ili preku krv proveri
Јас не гледам ништо најубаво утре уште еднаш повтори си или почекај барем еден ден да ти задоцни.Со среќа
Дај боже да е позитивен и рана бременост Ќе почекам да ми задоцни бидејќи денеска ми е 29 ден од циклусот Го понесов тестот со мене на работа и пак го гледам, треперам целта од возбуда Да се надеваме само на добро и да ги видам убаво двете цртки
Не издржав и утрово направив уште еден тест но од тие поевтините и пак после 5 мин покажа бледа линија Ќе почекам до утре или задутре и ќе направам пак, ако е позитивен кога треба да отидам на гинеколог? Да напоменам дека пијам и фолна киселина на своја рака од 0.4 мг таа на Алкавит од последниот циклус наваму
Честитки,денес поубаво се гледа втората линија така да бремена си.За на гинеколог јас би ти рекла да почекаш најмалку уште една недела па да одиш.Слободно можеш да продолжиш со фолната.Ти посакувам да имаш лесна бременост
@**Najsrekna*** ти благодарам многу, посакувам на сите што поскоро да ги видат овие две цртки и да гушкаме мали срценца, се надевам ќе биде се во ред hug:
На овој тест цртката се познава повеќе И јас би посетила одма гинеколог, таман ќе потврдиш преку крв а и ќе си мирна Со лесно и честитки
Можеш само преку крв да си провериш а за на гинеколог барем 6-7 недела па ќе ти каже се тогаш и срцева реакција пред тоа ти е џабе ќе ти рече пак за неколку недели дојди.
Девојки Се извинувам може прашањево не е за тука но од утрово како да сум настинала, кивам, ми тече носот, малаксана сум, не отидов да проверам преку крв бременост денес е 31-ви ден , па да прашам дали смеам да користам нешто за настинка, да не би направило проблем доколку тестовите вистина покажуваат рана бременост
Чаеви и супи со лимон, сокови, овошје, значи повеќе течности, солени капки за носот и евентуално парацетамол ако имаш болки што не може да ги издржиш, или пак висока температура. Гаргара со солена вода или чај од камилица ако те боли грло и тоа ти е, во бременост, особено кога е вака рано, најдобро е (кога е возможно) без лекови. Ако има некој нешто да додаде, нека повели, во 3 часот наутро толку од мене. Побрзо оздравување и висока бета хцг!
Девојки исплашена сум се потресов влегов во вц и неколку локви крв имав и незнам уште дали ми тече Како тестовите беа позитивни Што да правам
Не работи гинекологот денеска, незнам што да правам, дали го загубив плодот со крварењево Дали нешто ви препорачува лекарот во вакви ситуации ако некој е бил А таман се понадевав Зошто вака мораше да биде
Оди во приватна болница или клиника,работат таму единствено што можат во твојов случај е да видат преку крв дали bhcg е како што треба,ни на ехо немаат што да видат во толку рана бременост. Не седи дома ако крвариш.