Се јавив н гинекологот истото ми го кажа, рече ако има мн крварење не е добро, може д отидам на дежурен д проверат бета и да ми дадат нешто ако има за задржување на плодот или д ме остават во боѓница Немам можност да отидам
Дали можеби ти треба некаква помош за да одиш на дежурен лекар или во приватна болница? Не да те плашам ама со крварење не се седи дома така,сега во случајов ти си битна твоето здравје. Ако можеме некако да ти помогнеме пиши
Оди ако има од хормонот преку крв, а има зошто позитивни ти беа тестовите, до брза помош нека ти пуштат прогестерон инекција, и многу мирувај до одење на лекар, па понатаму сигурно ке ти дадат терапија.
Немам можност да отидам, Крварењето продолжува, капе силно црвена крв и прекинува, после некое време пак Мирувам цело време, испив таблета дабростон и фолна Можеби веќе плодот е изгубен
Далеку ми е, сопругот е втора смена на работа, а и тој кога му кажав се натажи и излезе, уште повеќе ми е тешко
@srce-9 Многу си чудна...Ако нема некој близок да те однесе, фати такси не седи така дома колку и да е далеку.Крвариш во бременост и си седиш, некако си многу мртва ладна. Времето што ке го поминеш седејки дома, ке стигнеш и до болница. Само таму можеш да добиеш помош, ти си знаеш...
Има и други опции. Такси, другари, роднини, комшии. Како може да немаш никој? Ако излегол сопругот од работа, што не те води на лекар?
Мора да одиш,што ако не се исчистиш сама? Стварно не е работава за да седите дома мора лекар да види,можеби и не е спонтан,па дури и да е потребна е можеби ревизија. Пешки би се влечела... те мислам од сабајле што си сторила
А може и не е изгубен, ама ти седејќи дома во ваква ситуација ќе придонесеш кон тоа. Како така си голташ апчиња на своја рака бе девојко.... Викај такси и оди на преглед. За твое здравје се работи.
Џабе убедување. Од утринава ја читам се жали. До сега требаше да е 100 пути на доктор отидена. Сите ја советуваат на истото. Се жали на свежа крв. Ич не е за занемарување.
Незнам што да кажам, во право сте сите Лошп се разбравме, сопругот денес веќе излегуваше на работа на врата беше така ког му кажав, ќе дојде околу 23 часот и тогаш може да отидеме на дежурен, може да стигнеме околу полноќ Само кажете ми каде и што да барам да направат таму Стварно незнам што веќе прашувам и што да мислам
Доволно е само да кажеш дека си имала позитивен тест и дека почна да крвариш,си знаат тие што понатака. Со лесно
Ако си имала само бледа втора линија на тестот, може ти било биохемијска бременост, и сега крварењето е всушност менструација. Немаш правено бета хсг тест, не ти потврдена бременост од гинеколог, смири се, не може ништо лошо да ти се случи. Да не си направила домашен тест, немаше ни да знаеш дека има "некаква бременост" туку ке си мислеше дека ти доцни менструацијата два, три дена , што нам жените често ни се случува.
Не би да те плашам, ама тука сега прво се работи за твое здравје. Фати такси и иди приватна макар те коштало 10.000. Не си играј.
Па работата не е за зезање ама крвариш од 11 саат и не превземаш ништо????Па уште и на работа да отиде???Не зезајте недај боже на никој такво нешто ама има на сред улица да застанам и во првата кола да влезам за до болница,а верувам многу луѓе не би ја одбиле.И ние не знаеме дали се работи за биохемиска или ќе биде потребно чистење.А дај боже и ништо од ова да не треба ама неможе да се помириш крварам па ок.