Многу, многу несериозно и неодговорно спрема сопственото здравје и тело. Посебно ако се работи за посакувана бременост, да се крвари и да не се отиде на доктор.. е навистина трагично. Не можам а да не се запрашам како би било утре со бебе, ќе се разболи и само ќе се натажите? Нема на педијатар да се трча? Каде така? Ум нека е на секоја трудница, па и не мора да е трудница, туку на секого, дека здравјето не е играчка туку двонасочна улица, ти го чуваш него, за тоа да те чува тебе.
Не велам дека не си во право. Веројатно и се работело за биохемиска бременост, ама ја прочитав девојката дека веќе неколку месеци се обидуваат и сега кога конечно биднало нешто, воопшто не се заангажирала да ги превземе работите во свои раце туку совети на форум бара. Кажав еднаш, ќе кажам пак. Нема ништо лошо да се косултираш и рапрашаш на форум, ама кога е дојден нож до коска, кога си во ситуација каде што се бара медицинска помош, нема што да бараш овде. Не знам, мене би ме убила совеста ако не направам се што можам, не само во ваква ситуација, туку општо. Веројатно до карактер е. Ама да кажеш дека нема како да стасаш до болница во овој век, дека сопругот се нажалил и излегол на работа( па каква и да му е работата, во итни ситуации секој толерира) не можам да разберам.
Во право сте сите, но секој знае во каква ситуација е во моментот Кога немаш поддршка поаѓајќи од сопругот што друго да очекувам Премногу ми е тешко Викенд се погоди но виновна сум што побарав помош од лекарот откако прокрварив, се понадевав дека нема да добијам но ете господ така сакал не било мое бебенцето
Од средата имаш позитивен тест . Пет дена не најде време и можност да отидеш до некоја болница . Сега крвариш ?
Крврам уште, кафеаво мешано со црвена крв. Неможам веќе ништо да направам го загубив сигурно Неодговотна сум знам ама што можам сега што кога веќе се случи
Колку да си од мало место ќе одиш во соседниот град ако нема дежурен гинеколог. Ма јас да сум надвор од државата ќе одам ако треба. Во мкд кај и да си, најдалеку за три часа си во Скопје, па ако е зорт, ќе вози маж ти цела ноќ. И ако немаш автомобил, ќе одиш и со автобус. Иако џабе зборуваме, решила да не оди и тоа е тоа. И сигурно ти е тешко и криво што читаш вакви мислења дека си неодговорна, и треба да ти биде, зошто навистина си. Но ние освен да напишеме нешто да се свестиш можеби, не можеме ништо. Ти си знаеш...
Па можеше вчера кога почна крвавењето да одиш на доктор. Можеш се уште да одиш на доктор. Не разбирам како можеш да кажеш дека не можеш ништо да направиш. Подобро кажи, не сакам ништо да направам. Оти така личи. Очигледно е дека не ги разбираш можните ризици и последици од ситуацијата во која се наоѓаш. Секако, може и ништо страшно да не е. Ама е ризик да седиш дома, кој не вреди да се превзема.
А може било твое ама ти не напраи апсолутно ништо да го спасиш, немој господ да го мешаш кај што не му е местото. Што ако се немаш сама исчистено и има потреба од интервенција од доктор? Уште ќе седиш дома и ќе чекаш нешто повеќе да се искомплицира? Бар пиши од каде си, може некоја феминка живее близу па ќе ти помогне. Или викни брза помош. Избор имаш.
Мислам има пишано дека е од Куманово. Еве @srce-9 ако си од таму пиши ми пп. Ќе ти кажам каде да се обратиш и веднаш да те примаат на преглед
Не можам да ја разберам потребата да се пишува на форум во ваква ризична ситуација два дена по ред и да се бара индиректно потврда од членовите дали се работи за спонтан или не. Макар и не сакана бременост да е, нема да седам дома па светот ако сака нека се преврти. Не гледам апсолутно никаква причина која би ја спречила членката да оди на доктор. Трагедија е ова тука што се чита. Жал ми е многу што е членката во ваква ситуација. Ама ако не сакаш самиот да си помогнеш, не може никој да помогне. Ова е неодговорност и ништо повеќе.