И што да ти кажеме сега? Членки и помош ти понудија, ти дома седеше со крварење. Можеби пак немало да се спаси, ама барем ќе си мирна дека се си превзела. Ама вака... Јас вакви приказни и постапки кога читам од луѓе во било која тема, потајно секогаш се надевам дека се тролови. Во спротивно, не можам да им ги разберам однесувањата. Крварам, а седам дома. Нон сенс.
Најверојатно не е ни имало бременост. Чинам ти примаш прегнил. Можно е од него да ти има покажано бледа втора линија . А и втората линија треба веднаш да се појави,не почле 5 мин.
Несум примала прегнил овој месец Сите три теста покажаа втора линија не разбирам како До сега мн пти имам правено тест Кога е немало бременост немало никави линии
Јас бев во ептен рана бременост, на ехо точка една имав и тоа по 5 дена од тестот, а втората црта за 2секунди се појави, одма како помина мокрача низ него се појави цртката, по две недели тек слушнавме срцева реакција, многу касна овулацијата ми била... Било што било, помина, нареден пат дај боже да имаш успешна бременост, оваа или ти била биохемиска, или со крварењето го имаш изгубено плодот, зашто како што кажуваше, не крвареше малку..
и јас почекав за втората црта. Очекував одма да се појави па се разочарав. После 10тина секунди излезе бледа на упатството пишуваше се чека 5мин за точен резултат на 5 минути веќе беше изразена. А го направив после 5 дена од доцнење на циклусот
Сите три теста покажаа линија бледа околу 5 мин чекање, незнам во што да верувам, секој месец разочарување, посебно сега кога се чувствувам виновна што не проверив порано бета после овие тестпви, многу ми е тешко, поминуваат месеците а бебе нема. Благодарам на сите членки кои бевте со мене и ми дававте совети, голем дел од вас се борите со сета сила за бебенце но јас ете не бев доволно силна Останува само да се исплачам
Во секоја биохемиска лабораторија која соработува со фондот. Авицена мислам можеш, со упат од матичен гинеколог, исто на ГАК
Девојки кај мене нема бременост, денес бев на гинеколог.. Не знам зошто беа тие бледи линии, исто и кај мене после пет минути ги гледав тестовите, претходно не гледав, па не знам кога точно се појавила.. Инаку немам полицистични јајници, туку проблем со тироидната, и таа ми прави проблем за бременост, немам доминантен фоликул.. Сега закажавме кај интернист, од таму терапија ќе примам, па за натаму здравје ќе видиме како ќе биде
Можно е од хормони ако не се во ред Ако имаш бледии линии значи е рана бременост.Колку дена ти доцни?
Не, не, заборавив да пишам и дека ми дојде и си имав 3 дена нормална менструација, толку ми трае и обично, секој месец
Прочитав дека тест со поминат рок може да покаже позитивни резултати иако не станува збор за бременост, т.е. лажно позитивен тест, па затоа баш ме збуни и заинтересира.
Џоли, јас колку што знам, не се препорачува да се земат во предвид резултатите од тест со поминат рок, поради можноста да се погрешни. Ама не можам да тврдам со сигурност. Јас би направила нов, со валиден рок на употреба. Спојлер Да не има и тука нешто за честитање?