Незнам што да мислам, требаше да ми дојде пред два дена, ама не ми дојде нормално што добивам туку само исцедок. Незнам ни дали е тоа нормално ако случајно сум бремена
Женски гинекологот ми отвара во 12, сакав да земам упат за Бета ХЦГ, немам трпение да чекам а и втора смена сум на работа. Некако не ми се даваат 700 ден во Авицена(прошлиот пат беа за џабе) Денес пак направив тест,линијата е бледа ама посилна од минатиот пат јасно се гледа и во живо и на слика...некако не ми се верува па би си проверила преку крв. Дали некој знае во државна лабораторија колку чини без упат бета хцг да се испита?
А во авицена неможе ли со упат? Земи уште едно тестче селф клиар или некое такво.Да знаеш на што си да може доколку има потреба од терапија гинекологот веднаш да ти препише. Со среќа
9 месеци пробуваме,многу негативни тестови поминав и кога ќе дојде ред да видиш две цртки си викаш нема шанси лажен е, пијам фолна две недели,си викам од неа ми е...а и секое утро по малку кафеавко ми останува на тоалетот затоа мислев дека ќе добијам.. инаку 7ми ден како ми касни. Тестов е тој розевиот од Зегин
Софија тестот ти е позитивен. Нема потреба да даваш уште пари за тестови од аптека, туку оди на гинеколог да ти дадат прогестеронска терапија. Честитки и со лесно.
Здраво на сите Полна сум прашања помагајте.... Правев тест за временост и ми покажа позитивен, веднаш закажав преглед кај матичниот гинеколог, и отидов истиот ден. Ме прегледа на ехо, но не и беше јасен плодот, не беше ни она сигурна дека може да види нешто, има па нема, и на крај ми даде да испитам бета хцг за да се види вредноста.Истиот ден е направено и тоа и испадна 309.3 вредноста на хцг-то, но докторкава бара пак да направам хцг за една недела. Збунета она, збунета и преплашена јас, ништо незнам бидејќи после долго време гледам позитивен тест, таа не ми ни честиташе и тоа ме престрашува.Девојки, женички убави помош, има ли потреба да бидам загрижена поради нејзиниот молк, несакам да слушнам ништо лошо со душа го чекав ова Што мислите вие за вредностите, дали се во ред, ако се, која недела сум, некоја нешто? Се надевам дека следно хцг и ехо ќе бидат во ред Извинете на долгава порака
Супер, честито за двете @Sofi.ja штом бетаХЦГ е висок нема потреба да се грижиш.... Рано е за било каква проценка на плодот преку ехо, сега си останала овие денови, само позитивна мисла се ќе биде во ред, ќе одиш пак по неколку дена со лесно
Нели од страната на резултатот пишува недели и колку би изнесувало bhcg во таа недела? Затоа што секоја лабарсторија си има различни вредности. Јас разбрав кога ми доцнеше 5 дена и беше 1130,4та недела сум била Затоа провери и утре пак дали правилно се дуплира
Го испозбркавте девојчето уште толку. Арно и рекла докторката да провери пак за една недела. @Diftarche Трудно си, честитки и со лесно. Стандардна процедура е тоа со бетата. Уште е рано да се види било што, до крајот на неделата ќе види дали бетата расте како што треба и сигурно ќе може и да се види нешто. А за реакцијата нејзина не се секирај, тие гледаат трудници секој ден и не им претставува ништо посебно, затоа и не ти честитала. Уживај и не се нервирај.
Честитки,бремена си немаш потреба да даваш пари за лабораторија и тестови,оди слободно на гинеколог ќе ти кажат што и како треба.Ти посакувам лесна бременост
Не е спорно дека е бремена. Фала богу бремена е,рано е на ехо да се види било што се додека бетата не се искачи над 4000. Но многу е битно во рана бременост бетата да се дуплира правилно,затоа на вакви случаеви даваат и на секој ден да се испитува. Нема тука што да ја збркаме,само искуствата си ги споделивме.
Преку ден - два сум слушнала дека се прави проверка, секој ден не. И кои се таквите случаи, не разбирам? Нормално е да се има бета околу 300 во 3-4-5 недела. Уствари и не знам шо коментирам овде и онака сите се знаат, дури подобро и докторите.
Blagodaram mila, i vo pravo si za doktorkava, ona sekoj den se rasprava so vakvi ko nas... Nas shto ni e prvpat sme shto da ti kazam
Бидејќи немаш правено затоа не знаеш. Ние што сме правеле секој ден кажуваме искуства. За ова и кажував да си види дали се поклопува резултатот. Немам намера да се расправам тука за банална работа