Честитки! Со лесно Јас повторно направив утрово на 27 ми ден од циклусот и пак негативно Дали ќе имам и јас барем мали шанси како членкава со позитивниов тест, ми падна тешко кога го видов тестов се изнаплакав
Според мене рано ти е да правиш тест. На некои тестови пишува дека може да се прават и 1 недела пред да задоцни циклусот , ама јас мислам дека не е точно во повеќето случаеви , многу знам што имале правено тест 2 дена пред да доцни мензисот и им покажало негативно , а по 2 дена - позитивно. Значи веќе биле бремени само било рано за тест. Јас веќе имам купено тест и не знаеш како сум нестрплива да го направам , ама ќе почекам да ми закасни 2 дена па да го правам не си ги давај парите џабе , почекај нека ти доцни па прави тест.
@koritsaki јас направив тест исто тој на фрухтест на 19 испадна негативен. А на пакувањето пишуваше 4 дена пред менструација покажувал, како да не После два дена на 21 направив. Селф клеар ми покажа мн многу бледа црта ама се гледашее, исто и фрух тесст мислам дека ако направев по втор пат ќе покажеше две цртки. Значи не брзајте со тестовите. Може да покаже може не . Зависи кога настанала овулацијата и оплодувањето. Ама најубаво според мене ден два да доцни ако има бременост ќе покажат дури и најевтините тестови. Јас се изнададов скоро 1000 за тестови од радозналост за следна бременост здравје ќе си чекам да ми доцни ем поубава цртка ем нема да фрлам пари за тестови за џабе. Трпение - спасение Инаку благодарам на сите! Кај секого нека дава Господ по желба и сите да не чува
Јас незнам колку пари испотрошив за тестови Никогаш не успевам да чекам да ми доцни затоа што ептен ми е точна менструацијата затоа правам однапред Според апликацијата што ја имам на тел покажува дека треба да добијам денеска, на 13 ти ден бев на мерење фоликули имав убав фоликул што значи дека бев во овулација Чувствувам болки по малку, утрово дури силна краткотрајна болка Кко со нож ме разбуди од сон и ккао секој момент ќе ми дојде, незнам дали премногу сум оптеретена со мислите само на тоа мислам
Симптомите за добивање се исти како и тие за бременост.. тоа е збунувачкото , јас кога бев бремена со ќерка ми мислев секој момент ќе добијам и гради ме болеа , а мензисот ми беше нередовен и секој момент викав готово добив. Ама немаше ништо. Сепак ми каснеше повеќе од 1 недела и кога го направив тестот добив 2 жар линии. Сега треба на 7-8ми февруари да не добијам , ама решена сум да почекам , ако ништо друго барем еден ден да почекам па да направам тест. Почекај ти 2 дена па направи пак тест..
Срце те читам веќе некој месец во темава и нај добронамерно ќе ти кажам дека премногу се оптеретуваш За бременост треба да си опуштена Не мисли некое време и најди си некоја занимација за да не мислиш многу... Те поздравувам и среќно
Здраво девојки. Нова сум на форумов и сакам да прашам нешто. Предходниот месец после менструалниот циклус може после 17 дена откако ми заврши прокрварев кафено и не го сфатив сериозно. Еве сега ми доцни точно 8 дена. Пред два дена правев тест и беше негативен, вчера наоравив уште еден и се појави мноогу бледа цртка скоро па и не се гледа. Совет? Ви благодарам
И јас ја гледам, направи си тест преку крв, најдобро. Бидејки 8 дена како што викаш доцни би требало да се гледа убаво линијата, освен ептен доцна овулацијата ако ти била. Преку бета хцг најдобро ке знаеш.
Сега за половина час ќе одам да проверам преку бета хцг и ќе ви кажам. Не ми е состојбата за да сум бремена...ама тоа е, ќе видиме. Фала најмногу
Жени, тестов го правев сега пред малку, 5 дена пред мензис. Не можев да издржам пишува на него може 6 дена пред мензисот да се прави.. Позитивен излезе