Не се препорачува толку рано правење тестови затоа што може се оплодила јајце клетката ама нема да се вгнезди. Многу добивања завршуваат така, без да знаеме. Почекај барем ден да ти касни, па направи тест. Не за друго, подобро трпение отколку разочарување.
Добро утро женски направив втор тест утрово (по 30 дена од циклус) и повторно позитивен Денес ќе се јавам на гинеколог , па да видиме кога ќе ми закаже и што ќе ми даде да испитам прво. За ехо мислам дека е рано , сигурно ќе ми закаже негде за 2 недели.. Ќе ве известам секако
А баш сакав да те тагнам да проверам дали си го повторила тестот а ти ме претрка Честитки уште еднаш и те чекаме во труднички
Благодарам инаку се јавив на гинеколог и ми закажа во понеделник изгледа ќе ме праќа да испитувам крв и сл а за ехо некако мислам рано ќе е за да види нешто официјално од понеделник ќе ве дружам во труднички.м
Така пишува. Али мене прв тест првите 10мин ми покажа негативен, па го имав со лице фрлено во канта за после 40мин да ми е позитивен. Така да @pakize@1* напрај си пак .
Чиста случајност. Прерано ти било за тест. Тоа што ти покажал позитивен по 40 минути не значи дека бил позитивен.
@koritsaki драга честитки, баш ми е мило Јас сеуште психички се припремам за второ, ама се надевам дека годинава ќе се придружам и јас во труднички повторно Честитки и на сите со две цртки
Здраво, дали некој имал слично искуство, два дена пред да добијам направив тест, излезе позитивен со бледа втора црта, на денот кога требаше да добијам направив повторно, но излезе негативен, можно ли е првиот да бил неточен?
Ист период од денот правеше, со прва мокрача? И дали линијата се појави одма или после подолго време?
И двата беа self clear, во секој случај ќе мора да почекам да ми доцни барем 3 дена, ама не се дочекува, се надевам дека нема да добијам
Ако си нестрплива провери си преку крв т.е бета. И мене ова со истиот тест ми се случи 5дена пред циклус . Прво + па по ден -. На крај + беше.