Многу мокрача ставаш. Ако има бременост за 5-10 секунди се бои и втората линија, бар кај мене и двете бремености така... одма се обои, не повеќе од 5сек.
Зависи од тест до тест. Јас тој што го правев викаше резултати за 3 минути, и не знам кога се обои бледата црта, оти заминав од вц-то и се вратив за 3 минути. Ама сигурно не се обои во првите 5 секунди, оти толку причекав - тогаш се обои само контролната линија. Ама тест со фен сушење... не. Едноставно следете ги упатствата на тестот. И проверете го резултатот во рамките на времето наведено во тестот. Најубаво е со првата мокрача на сабајле. Особено ако ви доцни ден - два.
Кога ке поминеше мокрачата низ тестот (низ тоа поле кај цртки кај што се појавуваат), од тогаш за 5сек. И тоа вториот пат имав рана бременост, 3-4 нед бев едвај, цртка бледа имаше, а така одма се појави... со тест од 35ден.
Исто и кај мене 2 дена ми доцнеше во рок од 5сек се обои и втората. Уште го чувам земав осетлив после 7 месеци е ваков
Овој е. 230-250ден не знам точно колку беше. Го има во сите аптеки и е као повејќе осетлив од другите детктирал бременост 15ден по незаштитен однос. Но јас мислам дека ако си бремена со 3 до 4 дена доцнење секој тест покажува. Со срејќа
@pakize@1* ако има бременост и со тест од 50 ден ќе покаже точен резултат, јас на денот кога требаше да добијам го правев тестот и тоа со втора урина и исто така испив многу вода и сепак се обои и втората црта, со среќа повтори го пак .
eve kaj mene i so drug test pak e bleda ke cekam uste edna nedela pa ke otidam na ginekolog sto ona ke kaze
Честитки Бремена си штом е има макар и бледа да е . Закажи си на гинеколог за недела две ќе ти напраат термин.
Колку брзо ќе се обои цртката зависи од нивото на хцг што е во моментот во урината. И сѐ зависи од траењето на циклусот, т.е. од фоликуларната и лутеинската фаза на циклусот, т.е. кога е зачнато бебето. Кога човек си го познава циклусот и фазите, знае што да очекува. Иако циклусот ми е на 30 дена, и правев тест на 2 дена доцнење, знаев дека е нормално да е цртката многу бледа, бидејќи мојата фоликуларна фаза е многу подолга од лутеинската, т.е. овулациите ми се подоцна од стандардното "на пола циклус", па соодветно на тоа и бременоста ќе е во порана фаза. Но, имајте на ум дека после бледата црта, тестот е пожелно да го повторите за 4-5 дена, и тогаш цртата треба да биде појака - затоа што нивото на хцг расте секој ден сѐ повеќе. Ако повторно е бледа цртата, заминете побрзо на гинеколог, тој ќе ве советува што понатаму. Сепак, претпазливост не е на одмет, нели, за да се избегнат особено сомнежи за вонматерична бременост.
Јас правев Sure check кога останав бремена, за неполни 10секунди се обоија две жар црвени линии. На доцнење од една недела правев тест. Па ни слика од него не чувам, а ептен беа убави цртките ^Ова со фенот е тотално погрешно. Доволни се 2-3 капки урина само. Подобро земете си чашка за урина, уринирајте во неа, па тестот ставете го во чашката до каде што е обележано со “max”, така нема утка.
мене не ми е јасно зошто сите викаат ќе одам на гинеколог да се убедам. што ќе ви каже гинекологот? ништо. како може гинеколог да види нешто? ако сакате да бидете сигурни идете во лабораторија крв да ви земат, тоа ќе ви покаже, џабе се мкнете по гинеколози кога ништо не се гледа толку рано.
Се гледа дебелината на ендометриумот, гинекологот може да види дали ќе следува менструација,ако не тогаш е другото Инаку во 5та недела и 6 дена кај мене виде бременост,на 11 дена доцнење.
Пример дали нешто се гледа.. дали не дај боже има вонматерична. Па ќе прати на испитување во зависност од тоа во која недела е бременоста... Знае да ги прочита параметрите од бета хцг и да потврди за сомнежи и слично. Не е секогаш само потврда преку крв доволна. Сепак, ова се ретки случаи, преретки.
И во едниот и во другиот случај еднометриумот е задебелен,тоа кога правиме тест сме мах 4 недели бремемени,на ехо ништо не се гледа на 5 недели кај мене имаше срцева акција,се зависи кога настапила овулација. А преку крв си има референтни вредности и знаат под 2000 нема на ехо што да се види рано е,и се прати дали правилно се дуплира бхцг во рана бременост дали е нормална,опаѓа,расте итн. А на гин одиме мин 10 дена од позитивен тест
не викам дека не треба да се оди на гинеколог. треба. зборам за ПОТВРДА кога одат. кога не веруваат на тест па пишуваат ќе одам гинекологот да ми каже дали сум бремена.
Ако добијат негативен тест? Или? Бидејќи во двата случаи треба да се оди. Така мене ми доцнеше 20 дена, и после негативен тест морав да одам да се види што е проблемот. Па си добив хормонска терапија заради дисбаланс, и уште 3 месеци морав апој да се клукам. А на позитивен тест исто се оди, пред сѐ за потврда дека има бременост, не е биохемиска, не е вонматерична и сл. Иако ако нема болки, крварење, и слично - се оди подоцна за да се види и срцева акција истовремено.