Да, воопшто не ми доцнеше бев точно на денот и се потврди бременост. А тест направив 3 дена пред доцнење. И не беше бледа втората линија.
5 дена пред да ми задоцни го направив . А утре (не) треба да ми дојде.. имам тапи болки во долниот дел од стомакот и позади кичмата исто така долниот дел.
За жал не гледам втора линија... можеби е рано.. јас ваков тест на 5 дена каснење направив и имаше убаво обележано втора линија... почекај ден два и направи уште еден со прва утринска мокрача... па очекуваме позитивни вести.. со среќа
Јас гледам бледа линиичка... трк по self clear, немораш со прва утринска,можеш и сега одма, ќе ти покаже гарант! Ајде баш да видиме
Линија втора има, но е мноогу бледа, со оглед на тоа дека не ти касни уште почекај уште некој ден и направи нов.
Тестот се прави неколку дена после закаснета менструација.. не може да покаже две линии ако не ти касни мензисот.. почекај 3 дена после датумот за добивање па тогаш прави било какви тестови
А дали стоеше неколку дена тестов па сега го сликна? Оти линијата е мноооогу бледа и обично покажува ваква линија негативен тест што ќе отстои (evaporation line). Јас го правев тестот точно на денот кога требаше да ми дојде во сред ден и покажа линија многу побледа од контролната ама сепак јасно се познаваше. А пред тој месец правев и беше негативен ама ми стоеше тестот и утредента ми покажа ваква ептен бледа линија па ме стави во недоумица а сепак ми дојде тој месец.
честито на сите кои имате позитивни тестови,јас фала богу еднаш ќе се изгорев несајќи ,ми каснеше долго и тестот излезе со една црта ,негативен.Знам дека не е тема,но внимавајте при сексуален однос обавезно заштита да се користи .
Нема подобра заштита од кондомот ако не 100% барем 95% спречува несакана бременост. А онаа метода "со вадење" многу жени останале бремени така