Само таков имаше офф. А таман се решив со првата мокрача од сабајле да направам исправно според упатството
Тоа ин витро во упатството нема врска со инвитро постапката за вештачко оплодување. Слободно направи го сабајле.
Ај ќе Ве молам за помош или некој да ме смири со искуство.Епа вака,последен однос ми беше 9ти февруари(работиме на бебе),ми дојде на 19ти февруари со 4дена доцнење,нормална како и секогаш,реков сме утнале.Една недела после завршување на менструацијата,почна некој кафеав исцедок..Прво реков ај можеби овулација,но продолжи.10ти ден со исцедок кафеав,отидов на гинеколог,виде нешто како полип,ми даде примолут нор,но реков ај на уште едно мислење прво.Бев кај друг,ми кажа водена циста пукнала.Ок.Двајцата не видоа дека постои бременост,а беше пројдено околу 5-6 недели од последниот однос.Сепак реков не ги пијам примолутот,можеби е стрес,а го имав периодов,ќе почекам реков.Пред два дена требаше да добијам но јас не добив,а кафеавиот исцедок еве го веќе скоро три недели.Пред малце реков ај да купам еден тест и ми се појави ова на сликава.Ако има нешто мислам дека веќе треба да биде потемна,се плашам да не е недај Боже вонматерична.Секој одговор ќе ме смири.
Веднаш купи нов тест и повтори го. Внимавај на количината на урина која ја ставаш. И премногу и премалку урина може да даде невалиден резултат. Исто внимавај и на времето на читање на резултати. Резултатот е валиден само 5 мин од нанесување на урината.
Тестов дефинитивно е невалиден. Како што кажа @fana земи нов и внимавај на количеството на урина. Во самото упатство пишува колку урина треба. Со среќа!
И мене вака ми се разлеваше тестот исто втора црта бледа. Овие тестови ми се најлоши дефинитивно. Земи си тој за најрана, нема врска вонматерична дека вака ќе покаже. Тоа само на ехо се гледа.
Здраво направив 2 теста за бременост и на двата покажа бледа втора линија потоа направив 2 теста преку крвта првиот беше 84 а вториот 137 во период 4 дена инаку циклусот ми доцни 2 недели какви се вашите искуства дали е нормално минималното покачување на бетахцг иако докторката ми вели требало дупло да се покачи поздрав
Искрено не ми се допаѓа бетата . Т.е не расте правилно . Треба дупло да се качува за 48 ч . А кај тебе ниту после четири дена не се дуплирала . Во иста лабараторија проверуваше бета ?
Во иста и двете ми се правени докторката вели дур расти не е страшно но искрено мене ми е страв бидејќи сум вонматерична пред скоро 5 години и изваден десен канал
Чудно така што ти рекла а бетата не расте правилно Кога последен пат мереше ? Немаш ( скраја да е ) никакво крварење ?
Позитивен или негативен? Правен е на 14 март и многу малку се гледаше линијата и тоа кога го вртеш се познаваше. Иначе требаше да ми дојди на 15 и сеуште немам добиено. А имам болки во градите, половината и кога легнам под стомакот кај јајниците имам исто блага болка и од време на време ме пецка.
После 2 минути кога го видов премногу малку се познаваше линијата и не го фрлив тестот. И сега кога чистев го најдов и сега пак како малку да се познава или грешка сум.