- Утре ќе одам на доктор, ми доцни веќе една седмица. Ова ми беше прв тест направен на 3 ден доцнење. Правев пак на петти ден друг тест ама не покажа ништо. Сега не знам што ми се случува, стомак ме подвртува, некои киселини имам во желудник кои до грлово ме гребат но не ми е јасно како вториот тест немаше втора (него не го сликав). А вчера многу слабо некој кафеаст исцедок имав...Оф до утре ќе пукнам
Не знам што да ти кажам. Ако имаш уште еден тест дома направи го сега, па види што ќе покаже. По ова што го читам ти имаш симптоми на бременост и според тестов стварно си бремена. Со среќа
И јас на првиот тест имав иста вакава бледа линија, после 2 дена направив пак немаше линија, ама јас ги правев пред да ми касни, на денот кога требаше да добијам имаше жар црвена. Помислив дека може да станува збор за биохемиска, од срце се надевам не е тоа, а и чим ти касни не би требало да е. Дали од иста фирма беше и негативниот тест? Ќе ти речев да земеш self clear, ама ќе одиш утре на лекар ќе видиш. Среќно и чекаме убави вести
Колку најрано може да направам тест за бременост? Имавме незаштитен секс ден пред да добијам, не планираме бебе ама сепак сакам да си знам што побргу. Знам дека пред циклус шансите за бременост се скоро никакви ама пак ми е на мисла.
Ако добиеш не си бремена, ама ако не добиеш тогаш чекај од тој ден најмалку 14 дена и направи тест што можеш дома да го направиш или тест преку крв во лабораторија .
Добив одма наредното утро, ама знам случај што на тој начин останала бремена па затоа сакам да знам кога најбргу може.
Женски, денес бев на доктор. Ми направи ехо вагинално, не можеше ништо да види, рече можеби е прерана бременост. Утре на гладно треба да испитам крв па да видиме. Инаку немам цисти, а во левиот јајник имам фоликула која можно било да пукни викендов и да добијам. Можеби сум била и во доцна овулација ама како и да е ќе знам според тестот од крвта утре. Веќе 9/10 дена доцни....Можеби па е нешто хормонско пореметување... Вака во неизвеснот сум ама тоа е...
И еве пак јас-сношти баш ми дојде и денес си имам се нормално но со малку подолги менструални болки од претходно и сега не знаеме, или е биохемиска или ми доцнело од Х причини. Бетата утрово беше 29,69. Сега матичнава рече од кога ќе ми заврши, по една недела пак треба бета хцг да проверам. Па ќе видиме...Инаку сум можела нормално пак да си пробувам да останам бремена.
Очигледно ти доцнело од х причини, неможе на една недела доцнење да не покаже бременост, а на овие евтиниве/стапчиња тестови јас не верувам. Со среќа за понатака, се надевам дека наредниот месец ќе се израдувате
Jas gledam bleeeda epten edvaj se gleda,so toa sto imam orelski mnogu dobar vid ti drzam srekja da e taka
Кога ја гледам мала сликата, ми се гледа ко ептен бледа, ама кога ќе ја отворам не. Направи уште еден, ама после 2-3 дена каснење барем.