Здраво девојки, ве следам редовно, сега решив да се консултирам бидејќи сум збунета. Прв пат ми е да се соочувам со проблематика за тестови за бременост и општо можна бременост. Ми доцни 3 дена, ризичен однос имав пред 2 ипол недели, односно точно пред 18 дена. Направив тест 3 дена пред терминот за менструација - беше негативен. Потоа направив уште еден тест вчера (2 дена доцнење) повторно беше негативен. Логиката ми вели дека не сум бремена (18 дена по ризичен однос тестот би требало да детектира барем нешто), но сепак имам некои чудни симптоми. Глава ме боли, некои ептееен благи болки како за добивање, а нема ништо, мачнини без повраќање, мали болки во долен дел од кичма, огромна малаксаност и замор и многу ми се спие. Ако не добијам уште некој ден секако ќе одам на гинеколог, но во меѓувреме ваше мислење? Совет? Можно е сепак по два негативни тестови сепак да сум трудна? Да направам уште еден тест, кога? Поздрав
Ајде сликај го тестот и пушти го,инаку ако е негативен нема шанси да си бремена,можеби синтомите ти се пред добивање,слични се.
Ќе сликам кога ќе направам нов за некој ден ако не добијам. Тој пред 2 дена го правев го фрлив.. негативен беше апла
Ако имаш рана овулација може и 5 дена пред циклус, ама најсигурно е ако доцни. Преку крв исто покажува 5дена пред циклус.
Значи како можеше ова мене да ми се деси ц ц ц хахахаха а ја станав дури порано да го направам едвај чекав хахаха
Направив, негативен е Ама мислам дека е рано само 1 ден ми доцни. Ќе почекам уште една недела и ја многу брзо го направив. не сум стрпливаа
Во која и дае лабароторија оди директно ќе ти проверат , има два начина преку обична анализа што покажува позитив/негатив и ти е 350ден мислам , или преку бета хцг вредности што е подобро ова ти е околу 500ден