@Tedyyy @Anenik Честитки, ви доцнеше ли или порано ги направивте тестотвите? Јас вчера земав еден од Зегин од фармавитал, демек детектира бременост 4 дена пред добивање ама уште го немам направено, се успав сабајле, здравје утре или во Сабота.
@macalavica ако така си пишува тогаш можеш и некој ден пред да касни менструацијата да го направиш. Јас за вторава бременост 5 дена пред добивање правев тест и испадна позитивен. Ако си нестрплива можеш да го направиш и порано
Фала ти Jас го направив тестот кога ми доцнеше 1 ден.Како што ти кажа @koritsaki можеш да направиш тест
Цела ноќ сонував како правам тест, па ми излегуваат 3 црти, па го гледам и сабајле станав и земав направив тест, си чекам, му светам со тел да не има бледа втора линија и гледам немаа, си викам тоа е... Кога да станам да се избришам гледам цела утоп, сум добила уште нокеска, гаќите и пижамите лом, а јас не приметив, уште правам тест и барам втора линија... А не бев ни сигурна дали сакам второ бебе, одкако се сложив бев убедена дека сум трудна само чекав да си потврдам, и сега се разочарав, баш ми е тешко ☹️
@macalavica ајде со нови сили ќе пробувате месецов , па се надевам да не израдуваш со позитивен тест нареден пат. Не се разочарувај воопшто , мој совет следи ги плодните денови , инсталирај си апликација , мене ова многу ми помогна
Го правев пред два дена, пред 7-8 дена пред очекуван циклус.Сега чекам уште некој ден да видам дали ќе ми дојди,па раат да се израдувам Фатено од прво,на ден пред овулација.За тие шо чекате,и пробувате,без разочарувања,како шо рече една членка погоре,следете ги плодните денови,најубаво по телото ,по вагинален секрет е најлесно.Апликација како апликација не е сигурна,може да ви е само како водич,ама не се ослонувајте само на неа .Гушки до сите
Освен умор и многу ми се приспива.Уморно се осеќам само до вц да појдам Со првото дете апсолутно немав мака никаква,да го немав стомакот немеше да знам дека сум бремена. Ама со ова ,од старт ме мачи,ваљда жена е хахахха
Јас лично до сега никогаш не сум имала со невалиден тест .Ама секогаш како мерка на претпазливост зимав 2-3 теста за секој случај да не ми се погоди таков неисправен