Ако си имала овулација на 13-14-15 ден од циклус може да покаже да доколку има . Мене на пример ми покажа на 9 дена после овулација за прв пат . Така да хипотетички земано да си имала овулација на 14 ден од циклусот + 10 дена - на 24 би требало да се појави бледа линија. Е ,сега ако си имала доцна овулација муабетот е друг ,во тој случај не би покажало. Сума - сумарум се ти зависи од овулацијата ако си знаеш кога ти била . Со среќа
На колку дена ти доаѓа? Може да покаже многу бледа цртка а може и да не покаже (да е негативен а да си бремена) бидејќи сеуште е рано за тест. Јас мислам да почекаш барем до денот кога треба да (не) ти дојде
Mene 23ti den mi pokaza epten bleda linija so sure check a na 25ti den go koristev self clear i bese jasno vidliva
Имав мачнини и чувствував некои штрекнувања во јајниците, исто и градите ми беа многу подуени првиот тест го направив како резултат на таа забелешка со градите
Женски после невалидниот тест, на 13ти правев тест преку крв беше негативен, на 20ти требаше да добијам... но сабајалево правев Sure check и
Здраво, на 24.05 имав менструација, ми заврши на 29.05 после тоа на 07.06, 08.06 забележав на секојдневната влошка кафеав исцедок, потоа на 09.06 исто имав кафеав исцедок, но со мм имавме односи сврши во мене, има шанси да останам бремена ? Бидејќи до сега секогаш имавме заштитен однос тоа ни беше прв пат што сврши во мене, а бев и во плодни денови, па затоа дали може да останам бремена? Инаку и после односот уште имав кафеав исцедок повеќе и црвен исцедок.. Денеска сме 26.06 по правило треба да добијам денеска, но немам никакви симптоми, порано ме болеа градите, половината пред добивање и тоа 5-6 дена пред да добијам сега ништо. Инаку сега од сабајле направив тест негативен е, можно е да е рано за тестот или сепак не сум бремена, ваше мислење?
Еве слика од тестот, се извинувам заборавив погоре да ја ставам, можно е да е грешка, да е рано или сепак не сум бремена?
Земи си уште еден тест направи(зашо овој има некоја цртка горе шо не би требало да ја има, може да е невалиден) , па за два три дена уште еден, ако и тие покажат негативно не си.
Треба да добијам на 14 вчера правев тест негативен излезе Мислам дека сеуште е рано, но 2-3дена премногу се заморувам и ми се врти затоа и го направив Со предходните бремености го имав оваа чуство но и градите ми стануваа цврсти и брадавиците потемнуваа а сега го немам овој знак Дали е рано за тест или сепак нешто друго е во прашање што толку многу ми е лошо Имаме незаштитени односи со мм но сепак со пазење
Ептен е рано за симп на бременост, доколку има оплодување . Заморот , вртоглавиците , многу веројатно дека ти се и од жештиниве надвор , скоро сите се осеќаме така . Доколку сумњаш на бременост тест тек на 12/13 за по сигурно .
Провери си железо.. цел месец сум таква, железото ми е премногу паднато, нагло. Неколку пати до сега и ке се онесвестев... црнила пред мене, едвај се повраќав назад со клекнување на земја и мижење...