Со двете бремености ,само 2_3 дена по олодувањето ,прв симптом ми беше замор.Само да се преслечев,како да сум трчала.Така да заморот е супер симтом за бременост Може да е и од друго нормално.Но не се исклучува и бременост.
Земав surecheck тест колку време почекавте откако го намокривте со урина,после колку минутки го отворате за да го видите резултатот,дали тоа има врска и може да даде погрешно.
Јас секогаш го правев со отворено прозорче,нема врска тоа. А за читање на резултат на секој тест различно време има, кај некои по 3мин кај некои по 5. Пишува на упатството
Добро утро Тестов го направив утрово на 24 ти ден од циклусот. Јас гледам ептен ептен бледа линија како сенка... Ми се стресоа и рацете и нозете кога ја видов. Се плашам да не се случи истото од пред неколку месеци кога имав ваков тест а добив и незнаев дали имаше бременост или не
Секако треба да одиш на гинеколог,мора да провериш кога се случуваат такви работи.Не сум правела тест за бремњност но ако тој погоре е позитивен веројатно и овој е.Но сепак не ме земај за сигурен одговор.
Тогаш си имала биохемиска. Исто ми се има случено и мене. Рано правев тест, имаше бледа црта, доцнеше неколку дена и почнав да крварам и така го изгубив . Кај тебе дефинитивно има бледа линија. Во понеделник појди на гинеколог да ти даде терапија (утрогестан,дабростон) . И честитки. Со лесно и позитивна мисла. Ако веруваш ќе успее,ќе успее
И јас мојот тест го правев на 24ти ден и ми беше ептен бледа линија, едвај се гледаше. После тоа за 2 дена го повторив и поубаво се гледаше, еве сега сум 9+2. Ти посакувам да се радуваш овој пат
Лелеееее ,да одиш во понеделник обавезно на гинеколог. Позитивен е, само е рана бременост. Бар јас така мислам. Се израдував многу,ко за себе. Мило ми е што успеа
На гинеколог се оди откако ќе задоцни циклусот. Барем 7-10 дена да доцни. Толку рано не верувам ни дека ќе види нешто ниту па да потврди бременост.
Може. Јас исто толку рано правев тестови, докторката оти ме знаеше паника ми викаше дојди само да видам дали е во матка Секако , подоцна се оди за да чуеш и срцева акција. Ама членката има и проблем затоа мора да се јави ради терапија.
Имаше случај членката со позитивен тест и после тоа крварење. Затоа мислев подобро е да појде да и дадат терапија.
Се сеќавам кога пишуваше,имаше биохемиска бременост. Сега не спомна крварење. Ако е не дај боже пак биохемиска никаква терапија не помага,телото само си го отфрла плодот. Да почекаме да задоцни и да се надеваме дека се ќе биде ок
Да, биохемиска беше. Сега ми текна. Знам нешто не беше во ред. Би тркнала јас за секој случај да сум на нејзино место. Да бидам мирна барем. Не знаев дека не помага никаква терапија ако е биохемиска.. Зашто се случува тоа?
Честитки со лесно. Има бледа втора линија, честитки. Но многу рано си го направила тестот. Почекај 2-3 дена и после 28 ден повтори тест. И не мисли на лошо. Позитивно и со лесно.