Јас кога имав докторката ми рече мајка природа,телото само оценило дека нема да го задржи плодот. Се формира плод,затоа и тестот е позитивен,расте бета хцг хормонот но не се прикачува во матката. Мене ми беше многу стресно и барав испитувања да се направат, но освен микробиолошки брисеви и торч испитување за болести друго ништо не даваат после биохемиска. Што не е случај кај спонтан абортус.
Тоа ме и плаши. Знам дека е рано многу дури и јас не верував дека има бледа линија. Не ми останува ништо друго освен да почекам до понеделник па ќе појдам до гинеколог. Се надевам дека овојпат не е биохемиска
Почекај да ти доцни. Премногу е рано за да видат на ехо дали има нешто воопшто. Нека не те чепкаат засега. Ја доби цртката што толку ја посакуваше. Сега добра мисла се ќе биде во ред. Откако ќе ти доцни закажи преглед па оди. Најдобронамерен совет, овој пат ќе биде како треба.
Знам дека е рано затоа ме зачуди и мене што детектира уште на 24 ден. Утрово пак направив тест и повторно има многу бледа линија, незнам дали ја гледате на оваа фотографија Ви благодарам на сите за подршката, останува само да чекам и да веруваме дека се ќе биде во ред овојпат
Честитки, со лесно Јас вчера го прашав докторот за тест преку крв но ми рече рано е. Не издржав купив уште два теста self clear и еден пак обичен. Не издржав така што обичниот го направив кога се вратив од работа вчера и ете го резултатот. Инаку денес ми е 27 ми ден, болки како за добивање и останува да чекам само ништо друго..
Позитивен е секако , јас правев тест 5 дена пред добивање и беше вака како твојот честитки , а за гинеколог е рано , за по сигурно да се види срцева акција на ехо колку можеш покасно оди
Честитки срце. За на гинеколог да си одиш одма, заради минатиот случај, ќе ти даде или фолна или нешто појако да пиеш за поддршка на плодот. Се надевам извлече поука од минатиот пат, кога крвареше и не можевме со денови да те натераме да отидеш на гинеколог. И овој пат да си многу посериозна. Ти посакувам лесна бременост и да гушкаш бебе за 8-9 месеци.
Веќе личи на позитивен се повеќе. Честитки. И јас како @Yowannty ќе те карам, поозбилно и веднаш на др.не мора на ехо да те види ама може терапија да ти даде поради случајот минатиот пат. Со лесно
Што мислите писле колку време покажува тестот? Мора цел месец да помине мислам да ми касни цел месец?