Обично тестовите со урина покажуваат резултат на прв ден од доцнење на циклус. Некои тестови покажуваат дури и 4-5денови пред датум на наредна менструација. Со среќа
Девојки здраво Денеска отидов на проверка на бета преку крв Резултатот е 309.43 Што мислите за вредноста, денеска ми е 28 ми ден. Имам бел исцедок трчам на 5 мин до тоалет мислејќи дека ми тече Сестрата ми вели бремена си 3 недели, неможам да верувам Пресреќна сум. Кога пак да направам проверка на бета или преглед, ги прашав веднаш и лекарот чекам да ми одговори. Го сакам ова бебенце и сакам да биде се добро овој пат
Кога ќе биде бетата над 2000 можеш да одиш на преглед.За една неколку дена треба да е над 2000 значи за една недела може. Во меѓувреме оди да ти дадат терапија.
За 3 дена повторно да сум проверила бета а во меѓувреме рече фолијод да пијам по една таблета, незнам на кое мисли Јас имам само фолна од 0.4 мл онаа на Алкавит,
Прво честитки . Добро те посоветувал докторот за два три дена направи контролна бета да видите како ќе расте . Во меѓувреме доколку можеш земи си Фемибион 1 тоа ти е фолна (метиафолин) ,јод + сите потребни витамини Со среќа,лесна и убава бременост .
Јас ја пијам фолната на Алкавит, само тоа и ништо друго. Фолната во Фемибион не е доволна, дневната доза во прв триместар треба да е 0.4. Пиј си ја Алкавит по едно на ден, засега не ти треба друго. Со лесно
Девојки здраво Јас се извинувам ако сум многу досадна со прашања но ете сакам да споделам со вас. Само што го зедов резултот од бета после 2 дена вредноста е 880.61. Утре сум на преглед па дали има шанси да се види нешто? Што мислите за вредноста, дали е добро?
Мислам дека е рано да се види со таа вредност , ама во секој случај колку што мене ми е познато правилно расте и се дуплира вредноста на бетата што е
Колку денови ти касни? Кај мене после 10 дена каснење се виде точката Мислам дека вредноста ти е ок,ти посакувам среќа
Па ако може да се рече дека ми доцни тоа би било 2 дена. Бидејќи ми доаѓа на 28 или 29 дена, на 28 миот ден на 17.07. бетата беше 309 а денес после два дена 880 Дај боже да се дуплира како треба Да ја видам таа точкичка
Девојки имавме односи пред 30 дена(заштитени) но де плашам дали презервативот бил скинат(не ејакулира во мене) вчера направив тест sure check покажа негативен(го правев сабајле) а вечерто после 12 часа имаше некоја многу бледа линија па се плашам дали има шанса да сум бремена...а на 4 месецов ми дојде мензис барем јас мислам дека ми дојде иако ми течеше слабо само вториот ден нормално... Т.Е прашањето ми е дали после 30 дена од односот тестот е точен?
Тестот е валиден само првите 5 минути.Sure check како што памтам резултатот се гледаше од 5 до 10 минути.Штом бил негативен и ти дошло после тоа менструација нема за што да се грижиш.
Значи вака односот ни беше негде на 20 јуни а на 4 јули ми дојде менструација но ми течеше малку само вториот ден и третиит ден прекина а тестот го правев вчера пошто се плашам да не сум бремена но тестот покажа негативен...што мислиш ти дали има шанси тестот да не бил точен....
Точен е тестот. Резултатите по 12 часа од истиот, не се валидни. Не си бремена. Ако паничиш и натаму, повтори го тестот и земи ги во предвид резултатите од првите 5 минути. Прочитај во упатството, пишува до кога најдоцна е валиден.
No imam nekoi cudni cuvstva kako naduen stomak i malaa bolka vo stomakot vo dolniot del pa se plasam toa da ne se nekoi znaci za bremenost...