Почекај уште два дена и повтори го тестот. Може да се случи бременост во било кој ден од циклус замо шансите во некои денови се поголеми во некои помали. Среќно
Здраво девојки Мене ми доцни денес ми е 34 ден од циклусот. Имав три неуспешни бремености две поминаа со киретажа една биохемиска. После се што поминав во мисла ми е секојдневно исходот И после испитувањата дијагнозата беше тромбофилија докторката ми рече после позитивен тест веднаш клексани. После втората киретажа не ми доага на 28ден како што беше претходно доага на 29 30 31 заокружено 30 пред два месеци на 32 ден дојде по него на 25ден и неможам да следам овулација. Па сега правев два теста за бременост едниот го правев на 30ден од циклусот негативен и вториот денес на 34ден исто негативен. Ке ве замолам за ваши искуства Како да постапам? Премногу се плашам ради неубавите искуства Не сакам да за доцнам ради клексаните. Однапред благодарам девојки секое добро
можеш да си направиш бхцг преку крв таму најдобро ќе се види дали има бременост, ама 700 денари на приватно е, јас правев и испадна негативен и дента добив Знам дека неможеш да чекаш ама мислам дека треба уште малку време да помине да ти доцни за да бидеш сигурна.
Здраво на сите имам другарка шо и касни менструацијата 3 недели, правевме тестови ама сите се негативни.. совет
И мене така ми се случувало,па сум добивала за некој ден,се исплашив,но било во ред.Но,консултација со гиниколог
Јас кога имав 19год ми се деси 2 месеци да немам добиено. Ама бидејќи не бев сексуално активна, не отидов на гиниколог, немав болки, добро се чуствував. На првиот гиниколошки преглед и го спомнав тоа на докторката ама не обрна нешто многу внимание. Инаку ми се има десено да ми касни по 2 недели заради промена на исхрана, пиење антибиотици или стрес
Како и другите членки ви препорачувам да си појдете на гинеколог. И јас направив три теста во рок од три недели,сите беа негативни и четвртата на гинеколог и имаше една мала минијатурна точка,кој сега е дечко од 3 години.
Месецов пробуваме за бебенце,рано е уште треба да почекам 15 дена минимум за тест но ве молам да ми кажете кои се најосетливи и најточни. До сега неколку пати сум правела од SureCheck, велат најточен бил. Некој друг поосетлив постои ли? Ако знаете ве молам споделете веќе сум нестрплива, иако имам уште многу време до тестот сепак сакам да се информирам.
А некој го има правено овој тест? За ептен рана бременост пишува. Self Clear ќе земам и SureCheck и ако треба и ваков ќе земам.. не можам да дочекамм
Не мораш веќе да чекаш и да се измачуваш. На твое место јас уште сабајле ќе го повторев тестот. Не е толку важна фирмата, сите се горе долу со ист квалитет. Среќно!
Немам правено уште.. Рано е.. Имам објаснето во друга тема дека имав циклус на 20.08, а на 27.08 гинекологот ми кажа дека имам фоликул од 13х18мм и од тогаш редовно практикуваме сексуални односи.. Сепак мора да почекам 15 дена барем...
Извини, моја грешка, те помешав со друга членка. Најдобро е да почекаш да ти доцни неколку дена. Се надевам дека резултатот ќе биде позитивен. ☺️
Здраво девојки Ме интересира едно прашање само незнам дали сум за тука Последна менструација ми беше на 3 август ми заврши на 7 август, вчера сабајле направив тест беше позитивен после тоа направив уште еден накај 12h исто беше позитивен. Отидов кај гинекологот му ја објаснив целата ситуација му го покажав тестот, но ми рече дека нема да ме прегледа на ехо бидејќи не било убаво многу зрачења да има па ми закажа на 27.09.19 ехо. Сега јас сум во неизвесност дали стварно не треба ехо да ми направи толку рано или може... Секој совет добро би ми дошло П.с извинете на долгиот пост Убав ден до сите...
Најпро да ти честитам и со лес во право е докторот, првиот преглед се прави после неколку недели откако ке доцни менструацијата, сега и да ти направи ехо може и ништо да не се гледа, така да опуштисе и чувајсе!