Мислам дека не. Почекај термин кога по правило треба да добиеш па направи тест, сеедно дали преку крв или преку урина. Ако имаш редовен циклус, би требало за некој ден да е термин за добивање, така да издржи уште малку
Не секогаш , јас правев 9 дена после овулација (плодни) сигурни и тоа следени на гин. , односно 7 дена пред очекуван циклус со бледа позитивна линија .
И јас избришав многу апликации.. Тие не мора дс значи дека ти се плодни. Таму дава просек некој или математички ти пресметува врз основа на должината на циклусот. И ние се обидуваме за бебче, но интензивно, секој ден! За да не промашиме.. Ете и гинеколог може да згреши, а не па апликација.. На виден фоликул ми кажа гинеколог дека сум во плодни денови, но излезе дека после 15 дена ми почнале плодните( сум имала доцна овулација). еве сега уште малку ќе почекаме за тест.. Со среќа и на тебе и на сите што сакаме да си видиме две линии!!
Вчера земав Clear Blue обичен, рано е за да го правам но да го имам. Ме интересира дали кај нас има од оваа марка дигитален тест и колку чини ако го има?
Ако можете ве молам одговорете ми.. Сакам дигитален тест да најдам. Негде прочитав дека има кај нас Self Clear и Clear Blue дигитални тестови за бременост, па ве молам ако некоја знае да ми каже каде ги има и колку коштаат( Најверојатно треба во Зегин да прашам но таму ме познаваат вработените ќе треба некој друг да испратам па да знам колку отприлика коштаат)
Да, ок е ама имаш посензитивни . Self clear на пример во Зегин ќе го најдеш . Овој Be Safe знае да покаже перфорациска линија која многу ја помешуваат со тест линијата ..
Self Clear имам купено обичен и беше околу 200 ден. Не знам за дигитални ама и јас како да имам прочитано и ми се врти некоја сума од 600 ден у глава. Ако ти е за побрзи резултати посигурно ти е преку крв според мене, пошо поскап тест не мора да значи и попрецизен. Можда едноставно е рано, шо знам.
Преку крв нема да можам во следните 15-20 дена.. Ќе мора со обичен тест да проверам бидејќи во приватните лаборатории ме познаваат,а не сакам одма да се рашири, во државна не одам откако ми ги згрешија резултатите и ме направија анемична..
Кога треба да не добиеш? Ти држам среќичка. Иначе, можеш да ѕвониш по аптеките да дознаеш каде има и цена и да пратиш некој да ти купи.
Какви се тие дигитални тестови за бременост? Еднократно се користат или може и повеќе пати да се користи? прв пат слушам затоа прашувам посензитивни се или?
Мислам дека не се посензитивни од она што го имам гледано од видеа на You tube , прво прават обични тестови неколку дена па кога ќе помине извесен период прават дигитален за да покаже Pregnant или Yes+ ,некои покажуваат и колку недели одприлика според нивото на хормонот 1-2 недели ,3-4 недели(нерелевантно)..финтата во нив е дека ги користат за изненадувања Еднократни се ,за една употреба како и обичните само многу поскапи .
Здраво, утре треба да правам тест за бременост преку крв, па ме интересира за колку време се добиваат резултатите од прилика? Некако сум нестрплива ☺️