Поради оваа причина земав барем два теста за да можам да го повторам ако се случи нешто вакво . Направи нов тест да не нагаѓаме со 3 капки , ова твоето некако не ми личи на само 2 капки .. Повнимателно и види резултат после 5 мин
Здраво девојки, имам едно прашање: дали доколку жената е бремена 12-13 недела и направи обичен тест за бременост може да покаже лажно негативен?
Да. Тестовите се наменети за детектирање рана бременост, зашто како одминува бременоста, така се менува структурата на hCG хормонот и тестот тешко го "наоѓа", иако е присутен. Исто и високото ниво на hCG во поодмината бременост може да даде лажно негативен резултат. Со разредување на мокрачата со вода, пак се добива позитивен тест. Ова не само теоретски, но и практично потврдено (во осма недела)
Zdravo devojki dali ima nekoj iskustvo so Self Clear testot da mu ima dadeno netocni rezultati? Jas vcera vecerta napraviv mi pokaza negativen a veke 3 den kako mi kasni dali da zemam nekoj dr da go povtoram ?
Веќе со 3 дена доцнење мора да покаже, дури и тест од 35 ден. Јас правев со 1 ден доцнење со тест од 35 ден и покажа две црти. Освен ако ептен доцна овулација си имала па да е рано... чекај уште 2,3 дена, па после купи нов тест.
Мене тој ми покажа точно позитивен на 4 дена доцнење, ама знам за случај каде 2 поскапи теста не покажале убаво, а оној најефтиниот од 30 денари покажал точно на 2 недели доцнење. Земи си од најпростите тестови, земи си 2 ако сакаш за сигурно, и направи го со првата мокрача насабајле. После 3 дена би требало точно да покаже.
Добра вечер, сакам да ве прашам нешто, последната менструација ми беше на 13.09 пред 3 дена направив тест ми покажа бременост, отидов на преглед гинекологот не виде нисто на ултразвукот рече дека р многу рано, ми даде да проверам хормон Бета преку крв, денеска ги земав резултатите и бетата ми е 1118 а по последната менструација јас сум 5та недела, па не знам дали овој износ на бета е добар во пваа недела ? Во понеделник имам пак контрола кај гинеколог...Ве молам споделете ги искуствата, многу се плашам пд вонматерична бременост...
Според фоликулометрија денес е 14 дена од овулација , би требало да ми почне циклусот , цел ден се шетав со тестот за бременост и не издржав го направив сега ама со еден час разлика во мокрење и излезе негативен , а немам сиимптоми за добивање , можно лие да е лажно негативен ?
Може да го утнале при правење... ако е тоа цртата за хцг која детектира бременост може и да е позитивен чим се обоила... ама може е и црта која детектира мокрача. Затоа нов