Кој се најдобри тестови, во смисла за рано детектирање на бременост (неколку дена пред циклус)? И која им е цената? Благодарам
Има во Зегин, Фрухтест мислам дека се вика и е 180 денари ми се чини. Ама јас кога купував аптекарката ми рече дека сепак треба да се почека да доцни циклусот за посигурен резултат.
Јас би одела да сум на твое место или во итна или во ургентен центар. Дај Боже да не е ништо страшно и да е нешто нормално, ама подобро да исклучиш нешто непосакувано и да спиеш раат.
Оди нека ти направат ехо и проверка на бета хцг. Ако си имала незаштитен однос можно е да е биохемиска бременост-од искуство ти кажувам
Девојки, 14 дена поминати од ризичен однос, 3 дена пред добивање на циклус. Да се направи тест ќе биде веродостоен и точен?
Јас сум сведок дека 5 дена пред добивање, Self Clear ми покажа II цртки... втората бледа, но ја има Сега е потемна
Може да покаже, направи па ако е негативен ќе го повториш кога ќе ти доцни. Пробај со Self Clear, гледам дека и многу други како Anexy имаат позитивно искуство со него.
Негативен е? Малце ми е чуден не знам дали треба да бидат едно до едно цртите лево како да гледам црта?
А пред 2 недели имав однос за време на менс па другиот ден ми прекина и сега не можам да јадам ми се лоши повраќам на вечер па бидеќи за првото дете останав одма си реков и сега за време на мест дане сум останата бидеќи имам симптоми е сега или е рано за тестот не е точен или имам здравствен проблем фала позз
Не можам да те разберам, како остана бремена со првото дете? Од прв обид во плодни денови или како, што значи тоа одма?
Па решивне да не користиме кондом дека сакамр бебе и после првиот однос незаштитен и не во плодни денови останав бремена .. ама сега како ми се лоши болки во половината имам стомак подујан ама накверојатно е случајност друг проблем имам
Постојат секакви примери и при незаштитен однос секако има шанси за бременост. Најдобро е да одиш на лекар според мене.