Не се разочарувај,така требало да биде,природата одлучила тоа да оди. Јас кога имав биохемиска, штом заврши крварењето се фрлив на работа со мм и следниот месец имав позитивен тест. Еве го сега писка низ дома
Кај мене во 4 та недела кога ми каснеше отидов на преглед и имаше многу минијатурно малечко кругче(нели се имплантирано,правилно во матка), но се виде и на екранот(ехото),и гиникологот ми рече да провериме бхсг и после две недели да дојдам.Иначе и кај мене беше задебелен ендометеиумот.Но може и да е покасно имплантирано.Така беше кај мене девојки.Ви посакувам успех и нема откажување
Здраво на сите. Нова сум на форумов, пишав и во ВОНТЕЛЕСНО ОПЛОДУВАЊЕ, но бидејќи овој фпрум е за тест, па може некој имал случај тука како мојот. 13ти ден од трансфер ми е, на 3 дневни ембриони, направив преку крв и пишува СЛАБО ПОЗИТИВЕН ТРАГ Докторот ми рече дека рано сум го направила и да повторам за два дена, но со ниво на бета. Дали некој имал вакво искуство?
Тестот Self Clear кога е најдобро да го направам? Утре е 17-ти ден од однос, а 7 дена пред менструација.
Не знам зошто ќе правиш тест. По ова што кажуваш односот не би требало да ти е во плодни денови. А ако по некоја случајност ти биле плодни напрај тест, ќе ти покаже точен резултат, доволно време поминало.
После овулација јајце клетка може да се оплоди само 12 до 24 часа. Сперматозоидите живеат максимум 7 дена. И толку се плодни денови. Ако не е во нив, не може да остане бремена. Кај некоја може овулацијата е порано од 14 дена, кај некоја покасно, НО мора се оплоди во тие 12-24 часа.
Не спиеме ние на уво. Можеш да се информираш подобро како функционира репродукцијата и не мора да тврдиш дека си во право, особено не така дрско. Убаво ти објасни @Nithya , ако сакаш ќе сфатиш, ако нејќеш не мораш.
Затоа што сме се информирале ти објаснуваме. Затоа што немаш родено не значи дека не треба да пребараш по интернет и да научиш. Затоа што не знаеш не треба да делиш совети, може некоја се труди да забремени. Затоа што ние пробуваме со години и не ни успева знаеме колку се битни тие плодни денови.
Не се објаснувај попусто. Кој сака да разбере ќе разбере, кој не ќе се прави паметен на теми што не го засегаат.
Баш затоа што имам родено две деца па не знам како се забременува. И не сте само вие тие што имате проблем.
@SummerGirl ако си останала бремена веднаш после циклус или пред добивање значи овулацијата ти била поместена. Ама бремена можеш да останеш само во плодни денови. Нема јајце клетка - нема бременост. Медицината објаснува како изгледа еден школски пример за менструален циклус, т.е. плодни денови се 12-13-14 ден ако циклусот е 28 дена. Е сега, поради икс причини овулацијата може да се случи порано, подоцна или воопшто да нема овулација. Ако добро го знаеш телото, можеш да препознаеш кога си во овулација. Исто, со мерење на базална температура или со тест за овулација можеш да провериш. Не шири дезинформации.
Се забременува во периодот на овулација, но кај некои луге таа не е во ист период и е варијабилна. Фертилизација настанува со спој на јајце клетка и сперматозоид, а ако нема јајце клетка значи дека нема овулација. Евентуално може сперматозоид да има останато во јајцеводите (бидејки остануваат живи 2 3 дена) и неколку дена пред овулацијата па на денот да се случи фертилизацијата.