Ако се поминати 14 дена од ризичниот однос, тестот ќе биде точен дури и да го направиш пред добивање.
Проблемот е што јас не знам кога бил ризичниот однос со оглед да скоро недела дена имавме односи со маж ми секој ден во денови на овулација. Кога се случила овулацијата исто не знам. Е сега во понеделникот (пред 3 дена) од пуста желба направив тест селф клеар и покажа многу бледа, но сепак солидна втора линија. Во вторникот повторно иста ситуација. Средата втора линија, но очигледно послаба како и денес. Се израдував баш понеделникот и вторникот, ама вчера и денес се разочарав со оглед да знам дека требаше линијата да станува поинтензивна, а не да бледнее. Иначе треба да добијам денес и два дена имам предменструални болки, а знам дека исти се болките и во рана бременост зошто сум била бремена, но за разлика од првата бременост овие болки ми се посилни. Исто така имам млечен секрет кој обично го немам пред циклус. Па се прашував да не е можно да сепак биде позитивен исходот со оглед да втората цртка не се појачува, напротив обледнува, а мене уште не ми ни касни
Ќе гледаш од последниот однос. Секој однос ти е ризичен. Според тестовите, би требало да си бремена. Не постои лажно позитивен тест.
Od posledniot odnos nema 14 dena, no me plasi deka linijata bese pojaka pred cetiri dena od vcera i denes ama ke vidam utre kako ke pokaze
Кога има бременост одма се појавува втора цртичка. Можеби не си забременила од последниот однос. Тоа го наведов како пример. Затоа што не знаеш од кој однос си забременила. Затоа се чека тој рок. Утре направи уште еден тест. Или во понеделник оди да ти испитаат преку крв.
Утре направи уште еден, а во понеделник, оди провери си бета преку крв, тоа ти е најдобра опција. Провери до душа, некои приватни лаборатории работат и сабота.
Направив тест Self Clear, но излезе негативен. Е сега ме интересира дали е можно да не е точен бидејќи урината ми беше дури прозирна, т.е. се имав напиено малку вода половина час пред да го правам, и не го држев 15 сек како што пишува во упатството, туку 5-6 сек. Се обои контролната линија во секој случај, но се мислам дали можеби сум го направила неправилно?
Требало да го направиш како што пишува во упатството. Дали ти касни и дали го правеше со утринска урина?
Во аптека а и во упатството пишува дека може и во било кој период од деноноќие, но најдобро е со утринска.
Мене ме буни тоа дали има врска што не го оставив во садот со урина 15сек, туку 5-6 и тоа што не беше урината концентрирана ич. Ептен беше бледа. Или и тоа не би имало врска ако има нешто пак ќе покаже?