Во друга тема прочитав дека денеска требало да добиеш, што значи сеуште не ти касни. Направи нов со утринска.
Направи уште еден тест за да бидеш посигурна. Јас во втората бременост го правев Be Safe и одма покажа втора цртичка. Го правев навечер. Лентата од тој тест се става во урината. Само не ми текнува колку време се чека.
Чекај да ти доцни бар два три дена, кај некои жени покажува покасно позитивно. И пробај со утринска мокрача. Јас кога требаше да направам тест сабајлето, навечерта не пиев многу течности. Среќно!
Здраво девојки, 10 дена пред добивање имам грчеви како ден два пред да добијам, многу сум подуена и имам гасови. Кога пушам цигара ми се гади За 1 недела треба да добијам, да правам ли тест и кој или уште е рано?
Правев и денес тест Self Clear. Тој вчерашниот после некое време кога го видов како да има ептен ептен бледа розовка линија, а исто и денешниот но незнам дали е тоа всушност каде што треба да се обои па така се гледа или се надевам попусто?
Од лево е вчерашниот, од десно е денешниот. Мене ми изгледаат негативни, и дека од сенката најверојатно можно е да се гледа по малку како обоено...
1 ден ми доцни, вчера ми беше денот за добивање. Доколку е ептен рана бременост, нели треба да биде барем поизразена 2та линија?
мене ко позитивен ми стои. пробај да го повториш утре ама земи на друга фирма.јас после толку направени тестови од селф најнезадоволна бев ако пишува дека детектира најрано. на шур најубаво ми покажувал убави црти, а селф не, на шур појаки беа цртите.
Имам земено и на Sure Check, ама си реков да го направам овој демек посензитивен е. Незнам дали да направам од Sure Check утре сабајле или пак да почекам до петок
Мене на втор ден од доцнење со Шур Чек ми покажа жар црвени црти,а попладне го направив. може да си имала покасно овулација па затоа цртата е толку бледа
Незнам.. дури и кога ги гледав на дневна светлина како да прелива.. како да нема, па има.. Ако има 2ра цртичка ептен е бледа.
Јас мислам да почекаш до задутре и да направиш тест. Задутре веќе треба да има малку поизразена црта ако си бремена
ако се прави во време на каснење на менс секако ке покаже ако има бременост а кај тебе се познава бледа црта изгледа е рана бременост