Ах па не знам, не сум во тек... тука во Германија има, али се си мислев има и кај нас, па да ми каже искуство..
Сите се исти.Прво правев со дигитален 5 дена пред циклус ми беше негативен. После со обичен кога апликацијата ми предлагаше пак беше негативен.После доцнење од 4 дена со обичен имав бледа линија.Пошто докторката не ми виде на 6+1 плод пак купив дигитален со покажување на недели.Ми покажа 3+ што значи дека сум над 5 недели. Спојлер: Тест
Честитки мила и со лесно... јас денес правев ми излезе позитивен нормално со бледа линија,ама 3 дена пред добивање сум...а пред 2 месеци имав биолошка и сега не можам да се радувам ко што треба се плашам да не биде пак исто... и си мислев ете дека дигиталниот е посигурен, ако излезе негативен да не се радувам
Потполно идентична ситуација имав со син ми ,тек после 4 дена доцнење ми покажа премногу бледа 2 линија .
Различно е изгледа. Кај мене дента кога требаше да добијам ми беше ептен јасна втората линија, вториот тест ми покажа 3+ недели.
Со вторава бременост и мене два дена после доцнење ми покажа втора жар црвена линија ,претпоставувам има врска со порано или покасно зачнато.
Здраво девојки, денес за прв пат после 5 години добив различен тест за бременост, односно со бледа втора линија. Со оглед на тоа дека ми доцни прв ден, дали треба да го сметам за позитивен? Какви се вашите искуства?