Тест преку крв во било кое време од денот се прави? И после колку денови од доцнење е најпаметно да се направи?
Па знам, ама минатиот пат, тест преку урина после 5 дена доцнење ми покажа негативен резултат, а јас веќе сум била бремена, затоа се мислев за тест преку крв, иначе поминати се само 3 дена, т.е. 3 дена ми доцни.
Зависи и кои тестови ги земаш и мене така три земав и не чинеа на крај Шур Чек и се појави линија пробај и преку крв доволно ти доцни за да видат
Здраво девојки, 11 ден после овулација ми е, направив тест денес, па не знам дали си замислувам или има бледа линија, како да гледам втора бледа скоро невидлива. Ќе направам тест повторно со утринска мокрача на 14ти ден секако
И мене ми се гледа бледа, ама ај почекај некој ден и пак направи, а ако не те држи место испитај вредност на бета хцг преку крв
Епа за 3 дена направи го пак изгледа порано си останата бремена штом и сега ти покажало вака бледа линија и со лесно да ти е
Дај боже, јас мислам да не е од тестот нешто.. да не си има таква линија кај што треба да се јави позитивната па тоа да не го гледам