Дали покажува тест во поодмината бременост?! Пред 3м ми доцнеше повеќе, направив тест ми покажа негативен и добив после 8 дена. Од тогаш секој месец добивам, без никакви симптоми, со оскудно крварење, без болки, без ништо. Почнав да се дувам во стомакот и некако чудно се осеќам, не можам да опишам. Плус се прејадувам исто ко во бременост со синко, од трошки, ми се враќа страшно, киселини, абе се. Не сум дете да не знам симптоми, ама стварно се осеќам чудно.
Тест со мокрача во поодмината може негативен да покаже оти како што има долен праг на бета ХЦГ што го детектира, има и горен. Ако се сомневаш дека толку долго си трудна, иди си на гинеколог.
Луѓе јас сум тотално збунета, а немам кого да прашам. Утре ќе правам хцг да проверам дали сум бремена ама по нет гледам, многу ми е конфузно. Какви треба да бидат резултатите за да знам дали сум бремена? Кај гинеколог дури на 2ри ќе можам да одам
Ако правиш бета хцг со вредност на самиот резултат ќе имаш табела со референтни вредности. Ако имаш проблем да протолкуваш резултат прикачи го тука, секако некој ќе ти одговори. Со среќа
Женски ..мене уште ми нема дојдено последно имав на 1.09 менз..ми доцни многу ..направив тестови сите се негативни..испитав хцг преку крв негативно беше..бев на гинеколог ме виде со вагинално ехо ми рече дека имам фоликул 26мм и задебелен ѕид на матка ..а во меѓувреме да напоменам дека односите ни се незаштитени нормално сакаме бебуш. Ваше мислење...? И ме интересира ако има бременост дали со вагинално ехо може да се види одма.?Се извинувам на долгиот пост
На 5та недела се гледа ако има бременост. Одма не може да се види. Многу време ти доцни аимаш само зголемен фоликул нормално ќе бидете вредни. А не ти ја кажа причината зошто ти доцни. Да не имаш полицистични јајници?
Не ми кажа зошто ..а иначе немам полицистични јајници ..таа ми рече ако не ми дојде ке ми даде некој апчина за да ми пукни фоликулот....а мене ми е ризично некако ми се чини во мегувреме дан се фати случајно па да напрам беља
Немам испитувано хормони до сега ..а немам имано проблем со добивање прв пат ми се деси ова ..а и прв пат пробавме да сврши внатре и етоти ми касни
Женски ај една консултација... Тестови за бременост позитивни, бета 143 завчера... ама немам никакви симптоми ( Бев на гинеколог ми рекоа дека многу е рано да се утврди бременост...На гинеколог сум дури на 5ти повторно, кој ќе дочекааааааа (( Има ли простор да се секирам ? Хеллллллп
Немаш простор за секорање.Премногу е рано ништо нежа да се види,а и за симптоми е рано немаш што да се секираш.Чекај си го првиот преглед и уживај додека немаш мачнини
Нема што да се секираш. Имаш позитивни тестови и висока бета. Бетата расте на секои 48h. Рано е да се види на ехо уште, таман кога ќе одиш на 5ти сигурно ќе си веќе 5та недела и тогаш ќе се види. Нема простор за паника, пушти му позитивни вибрации на бебчето да не осети дека се грижиш
Денес ме вратија од тестирање на хцг со причина дека јас млада будала, сум сакала за еден месец да го родам. Имам позитивен тест домашен и симптоми, затоа отидов ама не ме сослуша. Можно е лажно да е позитивен?