Ти доцни 9 дена и тоа е малку? На прв ден доцнење направив домашен тест и излезе позитивен, а не пак преку крв.Не знам зошто така ти кажале..
Не знам. Ионака сум збунета, сеа ме збунија уште повеќе. Ми рече дека може да ми е лажно позитивен тестот, да не сум се надевала. Женава или е негативна или не знам... Си реков ај не знам како идат работиве, може е у право и си искочив.
Нема лажно позитивен тест. Како тоа 9 дена децнење е малку? Батали ја, закажи си преглед на гинеколог, штом ти доцна 9 дена, веројатно си бремена 5 и пол недели, нареднава недела секако ќе видите плод. Со лесно нека ти е, школска бременост да си имаш.
Жити се каде ова прв пат слушам. Појди си до Авицена ни те прашуваат нешто ти земаат крв резултати истиот ден Уште се чудам сериозно
Матичен гинеколог ти го рече ова? Што им е проблем бе...Ако имаш приватна лабараторија напрај си на приватно да знаеш на што си.
Во понеделник оди во приватна лабораторија, испитај си бета. Не се базирај многу на матичните, обично не се замараат многу.
Многу малку ?... Божее Јас на само еден ден доцнење направив бета и ми беше 1216 мислам.. а не па на 9 дена доцнење.. Појди си на друго место и испитај си.
Девојки бев денес пак ми се има уште една циста направено а нема бременост и ми даде апчинја примулут нор ... дали смеам да имам незаштитен однос додека ги пијам апчинјата .ви благодарам и извинете што сум досадна
Имав пишано дека ми касни и дека сакаме бебуш ама на тестот преку крв испадна негативен и на ехо ми рекоја дека имам две цистички што не се пукнати и за да ми пукнат ми дадоа примулут нор ..
Здраво девојки. Нова сум на форумот, би сакала споделам со вас ,доколку некоја имала ист случај. Редовна менструација имам,на 26 или 28 дена најдоцна добивам. Овој месец ми доцни , 31 ден ми е од последниот циклус (3 дена доцни). Денес направив тест ми покажа негативен. Дали можеби е рано да покаже? Фала ви однапред