Ако сметаш дека не можеш да се справиш со ситуацијата и ако си за абортус тогаш направи го тоа. Седни и со сопругот разговарајте, но одлуката базирај ја на тоа како ти се осеќаш спремна. Не прашувај за мислења од други и не се осврнувај на осуди, лесно е да се зборува, но ти си таа која ќе треба да го носи, роди и одгледува, не било која од нас на форумов.
Честитки зошто мислиш дека твоето тело неможе да го издржи ова. Јас пак обратно размислувам, знам колку беше физички спремна во бременоста, природен пораѓај и сигурно се вратила матката. По мене, јас не би размислила за абортус би се радувала, така требало да биде
Знам девојка која месец дена после природен пораѓај остана бремена. Децата и се 10 ипол месеци разлика, двете родени природно. Воопшто не оправдувам, но сакам да кажам дека она добро помина и во тек на бременоста и на пораѓај. Од здравствен аспект минимум е 6 месеци после природен пораѓај, а ти си 5 така што не е некоја разлика. Е сега друга работа е психичкиот момент кој не смее да се занемари - треба да си мирна, сталожена и спремна за уште една бременост и уште едно бебе дома. И ти и партнерот. Отспиј, нека поминат ден два, разговарајте, разговарај и со гинеколог, па тогаш повторно постави си го прашањето.. пребрзо е да размислуваш на терминирање, мислам дека ти е реакција на шокот и изненадувањето..
Јас не. Ова ми изгледа ист ко мојот тест, ваљда е ептен рана бременост, 2-3недели. Тебе сеуште ниту хормоните не ти се вратени во нормала па некако нормална ти е и паниката и стравот, оправдано да кажам. Мене што дека ми беа стабилизирани и после две год. повторно останав бремена, имаше плачки и жалопојки и тогаш, две недели ми требаа да ја прифатам новата ситуација. Башка доењето,приврзаноста со ќерка ми,се мразев што морам да ја одбијам и да ја раскинам таа наша врска. Но,имам познаничка која остана бремена кога малата имаше 3 месеци, генерација ни се децата, ја доеше се до моментот дур појде на бокс, си ги израсна еве двете моми оддеднаш, ко другарки се. Појди на доктор на консултација, он ќе то даде најдобри насоки што и како понатака. Разговарај и со сопругот, мислам дека психички ти треба мотовација и поддршка сега, а бебето во тебе ќе го засакаш за брзо најмногу на свет. Сепак на крај одлуката е твоја... Без нервози
Јас лично не. Баш и сакам децата да не ми се многу разлика. Но сепак ти си знаеш најдобро за тебе. Без нервози.
@lemon8ejt смири се, разговарај со сопругот и ќе одлучите заеднички што ќе правите. Секоја одлука за тебе е правилна. Утре размисли со ладна глава. Јас не те осудувам што и да одлучиш, нит па треба некој да ти каже дали треба или не треба. Одлуката е само твоја. За што и да се одлучиш имаш подршка. Секој одлучува што со своето тело, поради било какви причини. Некој не е финансиски спремен, некој физички, некој психички. Секој носи стравови.
Од збор до збор се согласувам. Седни, смири се, размисли со ладна глава, имаш време да донесеш одлука. Никој не може да ти каже како би постапил во твоја ситуација затоа што само ти си ја знаеш ситуацијата (и сопругот секако). Битно е да останеш психофизички здрава сепак веќе имаш дома мало човече на кое му требаш како таква. На крајот-твое тело и ти одлучуваш!
Твоја одлука си е али размисли од друга страна една жена што се може да издржи во животот.можеби на почетокот е тешко со две али после тоа супер е искрено. Снашка моја со 6 месеци разлика и тоа со двете царски породена првите неколку години и беа тешки али ене ги сега заедно искачаат шетаат
Гледај не паничи почекај уште некое време повтори го тестот и оди на доктор мене ваква ми беше втората црта пред две години мислев трудна сум по некој ден ојдов на доктор ништо не гледаше другио ден ми дојде така да не се точни секогаш ваквите тестови од искуство ете повтори го и консултирај се со лекар. Па и да си здраво и живо да е
Баш би набив глупава енергија...искрено маката не ми е финансиски нити не спремна, него си замислував дека брзо ќе се вратам на работа, да сменам, година дена сум дома.... Многу си го сакам бебе, се поблиски сме како проаѓа време и со доењево многу сме врзани. Кога помислував до кога би го доела не можам да замислам да го одбијам или да ми престане млеко од не знам која причина. Фала на убави зборови, стварно сте најдобри од прошлата бременост од прв ден сум тука и цела бременост ми пројде песна со вас. Инаку да, во супер форма сум веќе 2 месеца вежбам и сум како пред да останам бремена...значи планирање ништо!
Ајде честитки. Така требало да биде. Многу не има такви што ете втората срејќа не изненадила баш кога најмалце сме очекувале. Напорно е да бидам искрена но многу брзо се влегува во шема. Исто како тебе две недели плачев после позотивен тест. Но,никогаш не помислив за абортус. Бидејќи молев за првото дете а од нигде никаде после 9 месеци забременав. Како близначиња ке си бидат
Ако не си спремна за второ бебе, тогаш абортусот е опција. Без грижа на совест, без чувство на вина. Абортусот секогаш е опција, не е битно од која причина, дали мајката не е спремна, или не сака, или било што. Јас сега не би можела да се справам со уште едно бебе, а синко е 17 месеци. Сакам да го израснам со сите нишани, па бебе за 4 5 години. Кога би останала бремена, 99% сум сигурна дека би абортирала.
А мислиш дека после 4-5 години од кога ке забремениш поголемото дете нема да има потреба од тебе ? Баш напротив ке почне на школо да оди па да му помогнеш, обврска да го однесиш па земиш па мисли го таму дали ке учи и ке е послушно итн... Ако размислуваме така најдобро е после 15 години второ бебе да родиме! Еве јас две школарки имам и трето на пат. Замисли сега дали со нив да седам да вежбаме да учат или да дојам бебе? Секако е тешко за родител ама секој се бори за своето дете да го упати на правилен пат .
Јас не би. Зошто да се чистиш? После кога ќе сакаш второ, ќе нема да сака. Сакало се фатило, така сакал Господ. Ќе си растат двете заедно без грижи. Честитки и со лесно!
Таман работа да немам обврски околу синко. Откако е роден си има захтеви. Три месеци грчеви, па скокови, заби и нејадење, лазење и проодување, истражување односно правење бељи. Сега тантруми се актуелни. Кажувам дека сега, со дете кое сеуште цица, носи пелени, станува ноќе, не би можела во континуитет да продолжам со исто темпо. Плус маж ми се мисли дали сака второ. Сакав да и кажам на членката дека абортусот не е лошо решение ако се мисли. Не мислам дека по секоја цена треба да го роди бебето. Скоро сите и пишавте дека не треба да абортира, а јас не мислам така. Ако од било која причина сака да абортира, нека го направи тоа.