Прво, нема потреба да цитираш делови од библијата. Јас ако би била во ситуација да абортирам, нема да ме спречи цитат од Псалм или било кој друг. Друга работа, разлистај низ темите и види самата на колку членки им пукнал кондом или користат орална контрацепција и пак остануваат бремени. Ти не си таа која треба да кажува кој што да прави и каков секс треба да има.
@lemon8ejt кај мене во првата бременост кога имав бета 72 испадна дека е биохемиска бременост. После 14 дена доцнење добив. Не ти го спомна ова докторот да го имаш во предвид?
Не спомна, ама и јас помислив на тоа бидејќи првата бременост ми беше така со тоа што не се исчистив сама и мораше киретажа. Немам друго освен да чекам, ако не добијам за 2 недели ќе појдам пак на преглед. Ќе ви пишам знам дека многу навиваат да е бременост :heart:
@lemon8ejt твое е да одлучиш што ќе правиш,немој да си ставаш на срце што некои од нас се за а некои против.Не сме ти во кожата. Секој за себе одлучува.Ти си знаеш дали си психички и физички спремна за нова бременост и тоа нека биде одлука само твоја и на мт што ќе правите понатаму доколку има бременост. Може да е рана бременост затоа не се гледа на ехо ништо и мала е бетата,може и биохемиска,има многу можеби..јас би ти рекла да направиш уште една бета утре да видиш како ќе биде резултатот. Ќе знаеш дали се дуплира како во бременост,расте,опаѓа...Незз стварно сочуствувам со тебе и ти посакувам резултатот да биде онаков каков што посакуваш ти,а ние ќе бидеме тука да те подржиме и бодриме
Не кажувам јас, Господ кажал во Библијата, затоа цитирав. А, зошто пак вие ме цитирате мене, не знам? Тие што ја советуваат за абортус се во право, а другите што немаат таков совет не се? Млади се, здрави се, финансиски кажува дека се стабилни, непромислено имале незаштитени односи и сега треба што, да ја поддржам во лошата помисла? Нема, напротив, сакам да ја охрабрам, во животот сé се случува со причина. И, ако јас треба да листам теми за несакани бремености кои некако им се случуваат на луѓето и покрај сета едукација и начини на заштита што постојат во денешно време, ајде пак вие разлистајте низ темите за поддршка, вонтелесно, спонтан абортус...или гледајте го ова .
Доста веќе во секоја тема да се спомнува Бог и Библијата,а особено во вакви теми. Нема смисла веќе, скоро сите теми се уништуваат вака
Извади нешто и од куранот,буда да видиме они што кажуваат. Не лупајте глупости родителите одлучуваат дали ќе го задржат или не, а не библија и други работи. Не и ја знаеш ситуцијата можеби има нешто друго што ја држи за да не го роди или пак нешѕо лошо на крај да се случи од бременост што ќе биде тогаш Бог така сакал?
Не ти е бре ни малку срам? И вештачко оплодување ти е неприфатливо? Ај гледај си работа. Сериозно мислиш дека тебе некој ќе те праша дали да абортира и ќе ги гледа глупостите што ги објавуваш?
Здраво. Јас сум нова членка на форумов и денес ги разлистувам темите и се вклопувам полека Сакам да ти посакам лесна бременост и да ти кажам дека исто и јас имав вака доста бледа втора линија,сопругот не веруваше ама еве денес бебуш е 5 месеци
@joy1 честитки, и алал за храброста! Таман си спремна за трето со двеве цуци веќе големи, и они спремни за испомош Да и честитам и на @monik55, многу ми е мило, со лесно до крај!
@ivi1987 , @Sky-butterfly @mal.ecka @mareane фалаа на сите @Kitten па незнам дали сум храбра или луда само се нека биде добро ќе помагаат дадите
@joy1 абе шо збориш Еј баш се израдував за тебе @monik55 и за тебе исто мила се прерадував, многу ми е мило Со лесно на сите, живи и здрави сонциња да си родите
Шубај трудници на темава човек мерак да го фати да се дружи со вас,штета што сум со 2 царски @monik55 @joy1
Не смеам сега.Вториот царски ми беше 2 години после првиот,за малку што не ми испука матката,а од вториот само 11 месеци има Ќе ве дружам во идните ваши бремености за трето,четврто
Се извинувам прашањево ако не е за овде дали некоја имала вакво искуство? Пробувам да забременам со второ пиев кломифен се направиа убави фоликули 2 од 25 и 2 од 17 на 13 ден мерени ама и после терапија зидот слузницата на матката премногу танок дали има простор за паника?
Денес направив нов тест. Еве од понеделникот и денес. Сепак на доктор не ми се иде пак, ќе почекам бар 2 недели..што мислите?