Нашава група е сите колективно да одиме спирала да ставиме. Може и попуст ке ни дадат дека сме од фемина
@Mantub ако не го гледаше видеото, како знаеш дека се глупости? Книгата ја цениш по корицата? И, што со вонтелесното оплодување, не те разбрав? Кажи ми, според тебе и тие што ти ставаат "лајк", децата што се со вонтелесно оплодување имаат секогаш право на живот, а тие што се природно правото го имаат само според желбите и потребите на родителите? Инаку, за мене сите деца се еднакви, независно како дошле на овој свет. Ама и вонтелесното не е 100% гаранција дека ќе добиеш дете, иако сите услови може да се поволни, доколку не е вистинскиот момент, нели? Погоди кој знае кога е тој момент? @Brpbrp Куранот, Буда, навистина? Ние христијаните читаме од Библијата, ти? И, те молам помогни ми да разберам, еве не можам. Родителите се тие кои го создаваат детето? И, затоа имаат право да одлучат кое дете ќе го поштедат, а кое ќе го убијат? Ако мајката разбере дека е бремена кога е на пример шеста недела, тогаш има право да го убие? А, ако разбере во шести месец? Си слушнала веројатно за жени кои раѓаат, а не знаеле дека се бремени, па дали кога ќе се роди бебето, тогаш имаат право да го убијат бидејќи не го планирале? Кажи ми најпогодно време да се убие бебето во утробата на мајката е кога? Ние вториот пат планиравме едно дете, ама останав бремена со близнаци, и? Имате решение за таквите родители кои "си порачале" само едно, а добиле две или повеќе? Близначката бременост е ризична по дефиниција, решение? Кои родители се тие кои можат сами без Божји благослов да создадат дете? Со сопругот одлучивме дека сакаме уште деца, ама безуспешно, па кажете ми кои се тие родители сакам да си порачам едно да ми направат, ама така да биде со наш генетски материјал и да расте во мојата матка. Мило ми е што ви "бодат" во очи моите постови, не ги игнорирате, иако не се однесуваа на вас. Тоа зборува дека (иако ептееен длабоко) во вас, работи совеста и не ви дава мир оти знаете дека убиство со умисла е лоша работа. И, да не се чудите пак, не сум насилник, не терам никој пред пиштол да има живот (и секс) јас како ќе му кажам, ама ако прашува на форум значи дека бара некој да му каже, нели? Ако бара совет, а вие му кажувате прави како мислиш, што сте постигнале? Ако некој овде на форумов сака да се самоубие и ве праша за мислење и вие му кажете прави како ќе одлучиш, ние те поддржуваме каква и да е одлуката, вие сте во право или некој кој ќе му "каже како треба, а како не" да си го живее животот, без да му е срам и ќе го спаси? И, ве молам, изгледајте го видеото, се надевам дека ќе допре до вас, целта ми беше и пак ми е исклучиво тоа, не да се надмудрувам со вас. @lemon8ejt ќе имам грижа на совест ако знам дека сум можела да придонесам во одлуката да си го задржиш детето, а сум преќутела. Млада си, прочитав во кондиција си веќе, ако матката не е способна нема да прифати бременост, ич не се секирај за тоа. Во моментот можеби ти е тешко и го гледаш детето како товар, но ние толку знаеме до тука, до сега и зошто ни се случуваат дадени работи некогаш разбираме подоцна во животот. Навистина ми е мило ми е што си оставила да биде како треба да биде.
Леле @joy1 каква насмевка на лице си ми предизвикала. Честитки,ти посакувам лесна бременост,и не знам зошто,ама се некако мислев дека ќе родиш трето. И мене ме фаќа мерак за трето а тек една недела сум породена,али хормониве ваљда на тоа ме тераат,не можам да престанам да ги гледам двете која љубов ми се.
Здраво девојки,Последен пат добив на 6ти декември. Имав ризичен однос на 2 Јануари. Требаше да добијам на 6-7 Јануари (никогаш не ми доцни). На 15ти Јануари правев тест (14 дена од однос и 7 дена каснење ) бидејќи тогаш прочитав дека најточни покажува. Тестот беше негативен и беше на некоја фирма PharmaVita 150денари, пушуваше дека покажува за 7 дена и дека може да се прави со било која урина во денот (јас правев со втората ). Прашањето ми е колкави се шансите за лажен негативен тест ако тестот е направен точно и не му е поминат датумот а има доволно време поминато од однос бидејќи сеуште немам добиено (2 недели ми касни). Се извинувам ако моето прашање звучи глупо само сум во заблуда и незнам дали да паничам и да тркнам до аптека да купам уште еден тест.
Нема што да паничиш, направи уште еден. Мада после 7 дена доцнење би требало 100% да е негативен, ама ајде да земеме во предвид евентуална покасна овулација.
Да да, и те како е можно. Теоретски не е, особено ако доиш, ама во пракса се останува бремена. Баш гинекологот ми кажа, кога бев на преглед 6 м по пораѓај, дека многу жени се опуштаат и несвесно остануваат бремени, па дури и не се сомневаат додека не им промрда нешто во стомак. Затоа кондом, спирала или апчиња. Има шанси да е лажно негативен, за да си 100 % сигурна, провери бета. Може да е циста, од тоа да ти доцни, ама тест на урина не е гаранција.
Денес пак правев тест ама на Др никако да отидам не знам што ми е...ќе одам наредна недела. Еве ви сликиче да ви го размрдам муабетот
Мила ти пишав и претходно дека сигурно се работи за бременост,само што се работеше за рана бременост затоа и бетата беше ниска и тестот со бледа линија. Јас правев неколку тестови првиот бледа едвај се гледаше,секој тест после се потемна беше. Со лесно што и да одлучиш,од понеделник појди си на гинеколог сега сигурно ќе се види.