Дали е тестов позитивен? Што мислите? Испраќам повеќе слики во прилог за да видите. Јас како да гледам бледа линија но чудна ми е некако Не сум точно сигурна но мислам дека ден на овулација ми беше на 11.02
Да не те разочарам ама ми личи како повеќе урина да имаш ставено и се разлеало Секако е рано сеуште, почекај уште малку за тест, ти посакувам II
Тогаш не знам во што е проблемот дали е до тестот ама линијата е како обратна С така? Се надевам грешам.
Ако ти е направен сега, подобро повтори го утре. Има линија ама има и жолто како разлеано. Уште подобро ке е бета преку крв и ке знаеш на што си.
Над 20 треба да е бета за да биди позитивен тест за бременост. Од 5-20 е како период на прозорец. Или рано си тестирала или си имала биохемиска.
За да се види бременост на ехо, бета треба минимум над 1000 да е. Со вредност 8 ни на домашен тест со урина нема да покаже втора цртка. Ти доцни?
Ако не добиеш за 1 недела, повтори ја бетата. Можеби си имала касна овулација и касно си зачнала. Ако добиеш во меѓувреме, веројатно станува збор за биохемиска бременост. Ама да не погодувам, најдобро консултирај си се со гинекологот. Ако е на одмор, можеш кај замената да појдеш.
Зошто над 20? Над 2 е позитивен, сигурно рано и е правен тестот. Мислам дека има бременост. Ќе си расти bhcg наредните денови. Знам дека знаеш ама многу голема вредност напиша за позитивен тест.
Така пишуваше и кај мене на тестот,дека од 5-20 мора да се повтори, зошто како што пиша @IRBBB може да е биохемиска,да не се дуплира како што треба,а може и само рано да е правен. Само она секако со резултат 8 мора да си повтори за некој ден, за да види што и како...
добро што е со тестовиве се прашувам На еден го правев вчера вечер, има многу бледа линија, а другиов шурчек со 3,4 капки додадено мокрача, ваква бзвз линија ми се направи
Точен е не се секирај, со лесно Само бледа е линијата може на гинеколог ништо да не се гледа, направи си бета хцг, за да не се разочараш ако ти рече не се гледа ништо...