Честитки, бремена си! На ехо се оди 10на дена после позитивен тест. Кај мене една недела после тестот уште не се гледаше ембрионче.
Здраво девојки. Денес треба да добијам. Мене тестот ми изгледа негативен но има нешто матно што ме буни. Ама најверојатно е само благо размачкано од контролната.. на сликата и воопшто да не де гледа..
Здраво на сите девојки. Не знам темата дали е соодветна за тука но би сакала ваше мислење или можеби на некоја од вас и се има случено исто.Ми дојде на 27 февруари,ми заврши на 1 март.Обично ми доаѓа на истата дата или ден пред или после ама не е страшно важно тука некаде е.Сега не ми доаѓа,требаше на 27 март ама уште немам добиено.Денеска е 8 ден што ми касни,а сношти направив тест негативен е.Ги ставам нозете во топла вода цело време,на стомакот гума со топла вода ама пак не ми доаѓа.А стомакот ме боли неколку дена долу исто како да имам сега и половината ме боли.Почна страв да ме фаќа да не сум бремена но партнерот ми кажа дека е сигурен дека нема ништо но тоа нели немора да значи дека е така.На гинеколог не сум била и не можам да одам,и не знам што да правам веќе ако ме боли толко стомакот зошто не ми доаѓа...Некое мислење ли помош сега убаво ќе ми дојде од вас.
Доцнењето на циклусот може да е предизвикано од многу различни фактори, секако вклучувајќи ја и можноста за бременост. Ние не можеме да знаеме дали сте имале ризичен однос, или кога ти била овулација, во случај да ти била подоцна можеби е рано и за тест за бременост. Во секој случај, мое мислење, повтори го тестот за 2-3 дена и тоа најдобро наутро бидејќи тогаш е најголемата концентрацијата на хормонот бета хцг кој се лачи при бременост. Ако повторно е негативен, тогаш е најдобро да посетиш гинеколог. Не знам која е причината поради која не можеш да отидеш но штом си имала редовен циклус, а сега ти доцни нешто се сменило, иако според мене не ти доцни многу. Болките може да се симптом за пред добивање, јас лично сум имала болки недела дена пред добивање, но сепак е индивидуално.
Здраво на сите Скоро 2 год. се обидуваме да забременам последната менст. ја имав на 05. 03 матичната на 19.03 ми стави инекција прегнил со фол. од 25мм таа недела со маж ми бевме активни јас на 02.04 направив тест и беше негативрн ама вчера и денес имам болки како да ќе добијам е сега незнам дали треба да направам уште еден тест за посигурно
Имав биохемиска пред месец дена во 5та недела На 33 ден од циклусот добив крварење и толку беше. Еве веке ми доцни 5 дена направив тест во понеделникот негативен ми се виде и еве денес го повторив бидејки не добив се гледа втора линија