Позитивен е ,честитки. Ако сакаш посензитивен земи Селф Клир ама како што кажа членката и ваков ист ќе ти покаже појака втора линија за два три дена .
Здраво женичка. Требаше да не добијам на 18.06 и немам се уште. Правев тест ми искочи негативен само не со прва мокрача сега го правев. Од симптоми имам само болни гради и тоа левата града повеке на допир и вчера на два пати осетив како некое преселување во долниот дел на стомакот. Ваше мислење можно е да ми е рано за тест или нешто друго е во прашање. Еве го и тестот.
За тестот не е рано, да беше позитивен сега ќе имаше убаво обоени 2 цртки, ама бремена не си. Менструација не касне само од бременост, најдобро е ако не ти дојде деновиве да си закажиш на генеколог. Среќно и се надевам што побрзо ќе си ги видиш двете цртки
Тестот е негативен, инаку не е рано ти доцни 5 дена па би требало да покажи и доста видлива втора црта доколку си бремена. Би ти препорачала да одиш на преглед веројатно ти доцни од нешто друго. Со среќа понатаму
Здраво женски. Првиот тест е од пред 3 дена, другиот од денес( треба да не добијам) иначе секогаш добивам наутро околу 6/7 часот. Некои викаат дека овие не биле точни тестови. Незнам што да правам. Мислам дека линијата е потемна, ваше мислење ?
Ако се тестовите ефтините од интернет, да не те разочарувам, ама често се лажно позитивни. Земи од аптека и чекаме да сликаш
Рана бременост, честитки. И јас овие ги правев, исто пред да добијам, имав ваква бледа линија. Сега сум 21 недела Дури овие имаа појасна линија од sure chek-от....
Мене ваков тест ,ден пред да добијам , ми покажа црта бледа. Утредента со поскапите тестови , потврдив,што значи ,точни се. Честитки
Втората црта е појака од минатиот тест само што е разлеан. Земи си фрух тест или уште посигурно бета преку крв и да си мирна.
Значи се надевам денес дека нема да добијам. После ке направам друг тест, или ке вадам крв. Ти благодарам за мислењето