Вака, мене ме прегледа вагинално денес затоа што имав некој проблем и сакав да слушнам второ мислење. Секако дека ништо не се гледаше. 3 недели и 3 дена сум имала, она вика прво Бета да испиташ и за недела дена пак да дојдеш на контрола.. Мислам дека подобро е да почекаш
Јас закажав за во четврток, според апликацијава ќе бидам тогаш 4 недели и 4 дена па ќе видиме дали ќе се види нешто.
Јас бев во 4та недела и го видовме бебушот во матка беше сместен и сега имам закажано на 29ти за срценце тогаш ќе бидам 6+4 Најдобро ти е во 6та недела но ако си нестрплива како мене може и порано.
И јас истото го велам. Да знам сигурно. И за тест 10 дена пред менструација почнав да правам Се надевам кај сите нас ке биде како што треба
А бе и јас имав многу надеж. Од што бев нестрплива првиот тест во вц на бензиска го направив. Не ми се чекаше до дома да стигнам И тоа не со прва мокрача.. Малку беше разлеан ама сепак ја гледав линијата..
Оооф маки наши. Јас, првиот месец кога почнавме со обиди, 3 ден после односот почнав со тестови (сега ми е многу смешно), па и ми каснеше 3 дена... мераци После тоа се стабилизирав и правев само ако ми закасни (пола саат ). Овој месец ме јаде некој гоооолем црв
Ајде се надевам дека ке имаш позитивен тест Иначе ако знае некој од поискусните да ми одговори иако глупаво звучи.. Дали домашните обврски во бременост е тешка работа да ги извршувам сама .. Јас не можам да седам мирна,постојано се движам.. Незнам дали ке штети тоа на плодот
Здраво девојки правев тест после прва направена инсеминација, после 12 дена , дали е рано или за жал тестот е негативен ??
И јас гледам линија и да, рано е затоа е и толку бледа. Направи пак за ден, два и убаво ќе ја видиш. Честитки!
И каај мене беше вака со втората бременост почекај 2 до 3 дена ќе имаш по силно црвена линија Честитки со леснооо