Направи бета пак за два дена, па ќе видиш како се движи. Само биди спремна и за двата исходи. Пуштам среќа
Ќе бидам искрена и ќе ти кажам да бидеш спремна на све. Овој пораст на бета не е добар. Се работи за размах од 6 дена. А тоа е многу мало зголемување. Во иста лаб е испитувано?
Да. Јас не разбирам навистина. На двајца гинеколози се јавив. Добро е ми велат. Демек покасна овулација.. Ќе одам вечерва на консултација кај трет.
Добро ќе беше ако бетата од 45 пораснала на 110 ама после 2 дена. А за после 6 дена јас навистина не гледам многу оптимистично на ова. Во ред , доцна овулација си имала. Но бетата расте од кога ќе се имплантира плодот. Кога веќе се имплантирал, вредноста на бтхц мора правилно да се дуплира , т.е барем 70% да има пораст. Пример 9 септ = 45 бета 11 септ = 77 бета 13 сеп = 131 бета 15 септ = 223 бета Вака би требало МИН да расте за да има успешна бременост. Ќе ме извиниш и нема да ми се налутиш што сум искрена. Само сакам да бидеш подготвена на све. Дај боже да грешам. Од срце се надевам дека ти ќе си уште еден пример каде ќе се докаже дека во медицината 1+1 НЕ се секогаш 2. Пуштам среќа
Нее, какво лутење. Ти благодарам најмногу што ми објасни, се убив од барање по интернетов. Ќе пишам вечер што ми рекле. Фала ти многу
Ти пишав да се консултираш со друг гинеколог, со надеж дека ќе ти објасни реално како се работите. Мене ми беше непријатно, не знаев како би ме сфатила. Но еве @Bubce38 убаво ти објаснила. Недоволното растење на бетата укажува на тоа дека има некој проблем во развојот на ембрионот. Најчесто ова завршува како биохемиска бременост, односно бетата почнува да опаѓа и настапува менструација. Јас за жал имав два пати вакво искуство. Ќе ме извиниш и мене што вака ти пишувам, но подобро е да си спремна за можниот исход. Од срце ти посакувам да се случи чудо и да се избори ембриончето
Субспецијалист станав за бетите Појќе од три години само со нив се расправам А вечер каде и да одиш на ехо ништо нема да се види. Ти останува само да повториш бета најрано за 20часа од претходната. Ама ти отиди си кај некој поасален др. Чисто да ги види состојбата на јајцеводите и стомачната шуплина. Има неколку опции -може се работи за мрзливо ембрионче кое сепак ќе успее да се избори ( ова е реткост Но се е можно и ова би било најдобрата варијанта) - може ембриончето се заглавило негде каде што не треба ( ова е чисто мое искуство кое за жал го пројдов неколку пати) и ова е најлошата варијанта - може да станува збор за биохемиска бременост
Девојки дали на некоја и се има случено ова,го правев тестов во првотр 5 минути не се покажа ништо но после некое време излезе ова
Се на се како што кажавте вие рече и докторот. Со надеж беше, рече ајде да почекаме 3,4 дена. Ќе видиме што ќе испадне Ви благодарам.
Не ми се верува, уште еден тест утре После повеќе од година дена напори, се надеваж ќе видам појака црвена линија