Исто и кај мене , не се ни битни толку тестовите ако се направени во право време и ако постои бременост.
Здраво девојки. Нова сум штотуку се зачленив, разлистав низ вашите искуства, но не наидов на слично на моето. Барем не овде на форумот, иако по странски форуми и искуства на влогерки - да. Сакав да прашам дали е можно да чувствувате промени во телото по само 5-6 дена од незаштитениот однос. Според се' што прочитав, многу е рано, но наидов и на некои искуства баш како моево. Поминаа 5-6 дена од незаштитениот однос, според апликацијата бев во High chance of pregnancy и јас денес се чувстувам сосема исцрпено, генерално лошо, имам варијации во притисокот, ужасна главоболка, гадење, намален апетит... Пред 2 години имав спонтан и можам да кажам дека се чувстував слично како и сега (пред да го исфрлам плодот). Знам дека е премногу рано, и за тест и за било какви претпоставки, само сакав да чујам од некоја од вас дали имала слично искуство. Фала многу <3
5-6 дена од однос и да настанало оплодување, ембрионот не е ни стигнат до матката. Па според тоа, промени во телото поврзани со бременост не се можни.
Дали на 12дпо, Fruh тестот би покажал позитивен резултат, ако се случила бременост? Инаку 12дпо ми е ден пред добивање. На 13дпо треба да НЕдобијам.
Абе, имам јас дома Шурчек, ама некако многу негативни искуства има на форумов со него. Е, сега за инает ќе земам Фрух. Фала ти на брз одговор
Се тоа е случува ради помислата и желбата за тоа така да биде. Рано е за било што да ти се случува посже 11ти ден обично настанува оплодувањето. Најрано што можеш да видиш е по 1 ден доцнење на циклус.
Купив тест од зегин од pharmavital... ме збунува на него пишува да се прави 4 дена пред очекуваниот циклус... има врска тоа или?
Не сум го користела досега тестот. Но, штом пишува да се прави 4 дена пред да ти дојде, тогаш тестот е почувствителен кон хормонот. Значи, и да го има хормонот во барем малку покачени вредности, тестот би ти дал коректен резултат. А, тоа го прави да спаѓа во оние подобрите тестови. Колку пишува дека му е чувствителноста ?