Пресреќна и преплашена во исто време. После 2 спонтани во рок од година ипол не знам дали да се радувам. Ајде совет дали можам одма и на своја рака да земам Утрогестан?
Сонце ме огреа преку екран, колку убави црти. Честитки мами, со лесно да си ја поминеш бременоста, гали мешенце.
Благодарам 3 дена ми доцни, ама сигурна сум дека имав порано овулација, зошто според календарот кога требаа да ми бидат плодни денови маж ми беше на пат. Слабо бевме активни месецов, дали неколку пати имавме секс. Е не ми текнува кога беше тоа
Градите само ме болат и малку уморно се чуствувам. Ова ми е четврти пат што останувам бремена и секогаш ми се тие симптоми
Лелееее луѓеее браво дечки, ептен јако ја финиширате 2021! Честитки @Bebulleee и со лесно бременоста. Ајде позитивни тестови - keep 'em coming!
Лелеееее знаев дека ќе имаме убав крај на годината. Честитки мами, со лесно бременоста, биди ми најсреќна сега.
@kalinaka @Bebulleee Леле колку преубави тестови!!! Создравје да си ја носете новинката, со лесно нека ви е мамички, уживајте во периодот кој следува!! Тестовите зрачат Каков фото-финиш на годината, ајде ајдее нека доаѓаат позитивните! Со нетрпение ги очекуваме!!
Извини што улетувам, а имаш причина за претходните 3 абортуси? Дали си покриена сега со некаква терапија?
2 спонтани, имам синче 6 години. Ги направив сите испитувања, освен генетски мутации и се беше во ред. Сега земав само Утрогестан на своја рака, па ке ставам од нив 2х дневно и ке се обидам повеќе да мирувам