Sure check ти се катастрофа невидена. Мене ми даваше негативен, а ја трудна. Купи друг. Можеш self clear.
Еве ме...минатиот месец имавме односи на 13ти ден од циклус...и ништо...претпоставувам плодните ми се порано бидејки циклусот ми е 25-26 дена. Овој месец имавме од 7 ми до 9ти ден од циклус...после не можевме дм не беше тука Денес не можев да издржам правев селф клир ,на некаде 7 ден после односот и тестот е негативен....или е рано или и овој месец ништо... Нели селф клир покажува порано??
Штом ти доаѓа на 25-26 дена мислам дека на 24от може да се тестираш , ама никако шурчек, купи си би сејф или селф клир.
Ми треба совет девојки… Денед ми е 25ти ден од циклус, обочно добивам помеѓу 26ти до 29ѕи ден најдоцна па и ретко можам да кажам. Не заштитен однос на 16 ти ден од менс. циклус со надеж дека ќе се фати… Што мислите која е веројатноста, и кога да правам тест?? Еден направив во неделата, негативен, и нормално, рано е ама ете од пуста желба и нетрпение… Сакам бебче сакам да му се радувам
И да додадам, веќе неколку дена осеќам пмс симптоми, одвреме навреме и како да ме пресекува нешто доле… и само туку прпверувам да не сум добила од желба да не добијам Btw 9ти ден од не заштитен однос
Ама проблемот е што не знам дали тогаш бев во овулација, никогаш не сум следела плодни денови… ова беше да пробаме? Ајде…
Здраво. Неколку дена имам розева крв при бришење во тоалет, и насабајле цело време ми се моча, а пред две недели имав менструација. Се обидуваме за бебе. Денес бев во аптека купив два теста shure chek(тука видов дека многу не сте задоволни од нив,сега) првиот тест го направив после некое време ми покажа бледа втора црта од што неможев да издржам го направив и вториот кој е негативен. Во меѓувреме додека го правев првиот тест тоа беше сабајле ми престана и таа розева крв што ја имам и си реков може се случило ете така случајно ама сега пак имам, необично се осеќам и никогаш до сега вака не ми било. Ова што ми се случува е далеку од менструација. Малку се плашам да не е некое хормонско пореметување, (а ми дава надеж за бременост) многу би сакала и да сум бремена. Исто така денес земав упат за хормони. Ве молам да ми кажете што да правам? Еве го првиот тест Незнам што да мислам и да правам. Ако е негативен зошто ми се појавува таа розева бледо крв.
@Yeeah земи фрух тест и направи го сабајле. Посензитивен е на хормонот. Shure check е од постара генерација тестови и има пониска сензитивност, не може да го детектира рано хормонот. Плус вториот си го направила со уште поразредена мокрача. Може да е позитивен тест, не можам да проценам дали втората линија има светло розева боја. Ако е розевкаста позитивен е.
Ќе купам деновиве и ќе направам. Инаку да, втората линија е розевкаста. Многу се плашам да не имам некое пореметување со хормоните а јас да се радувам за бременост. Бидејќи многу незнам околу тоа сега и прв пат ќе испитувам хормони. Благодарам.
Јас само не разбирам како може пред 2 недели да си имала менструација, а сега бремена. Направи утре уште еден тест со утринска урина ама дефинитивно некое чудо ти се случило ако навистина си бремена. Стискам палци
Здраво. Ми треба совет. Правев sure check и по половина час имаше 2 линии. Кога го фатив во рака и го протресов несакајќи линијата се помести па по одреден период исчезна. Дали имал некој слично искуство и кој се шансите да сум бремена?
Што се случува со sure check тестовите? Да не имаме добиено некоја лоша пратка низ цела Македонија што се крш Направи си утре од друга фирма, не го бива тој тест дефинитивно. Само немој да гледаш после половина час, максимум 5-10 минути се чека резултат, после тоа не е валидно.
Ова не е ново. И пред 2 г мене 3 теста позитивни ми излегоа а јас не бев бремена Сега - обичен тест од 30ден жар црвени на шур чек едвај се гледаше Дефинитивно Шур Чек го прогласувам за умрено!
Јас за С пред 7 години направив 5 sure check (од што не ми се веруваше) сите беа позитивни, ги чувам уште имаат две линии. Сега направив прво таков, едвај видлива има линија, значи само на светло можам да ја видам, нареден ден self clear па фрух тест и двата појаки линии црвени. Значи подолго време се крш.
Резултати се читаат по 5-10 мин од правење на тест, си пишува јасно во упатство, бидејќи потоа не е валиден, препорачливо е да е направен со прва утринска урина.