Можам ама мука ми е не сакам да знам...позитивен е сигурно. Криво ми е многу сакав спирала да ставам после овој циклус...ќе си пукнам
После 10мин се појавија две? Тогаш може да се работи за невалиден. Така другарка со ШурЧек, не беше бремена. И тоа два теста. Направи преки крв. Ќе знаеш на што си.
После 5-6мин. Прво беше како црвен мислев невалиден е, ама после се избистри и тогаш се виде како линија
На првите слики се гледа дека тестот не е исушен од урината. Мене на последните слики ми изгледа како тестот да е сосема валиден и точен. П.с сепак пробај со друга фирма или преку крв.
Еве вика дека може да се појави бледа линија после подолго време, а да не е бременост. Ако нема врска времето не би пишувало во упатството дека мора да се прочита за точно определено време. Јас мислам дека не си бремена, а за да не си правиш стресови направи утре преку крв
Дај Боже. По сликите гледам, 6мин се разлика, со тоа што и за да го сликнам тоа неисушеното чекав мин-две. Еве и темп кренав од нервоза.
Не баш дечки, убиена сум двете бебиња ми се со рота не сум спиена, сабајле на заразна завршив и мислам ниеден симптом не реален. Ми се спие многу вчера и денес ама пак ќе кажам не сум спиена со денови и сум како малаксана. Сеа како грозница осеќам со тт 37.8
Napravi uste eden mene dodeka bese mnogu rano mi se pojavuvase bleda linija po 10 min za drugite denovi odma da se pojavi
Смири се малку, што и да биде, што и да решиш за се име решение. Пак ќе ти кажам уште утре ако можеш направи бета преку крв, барем тоа тргни си го од мислите. Побрзо оздравување
Знам дека ти е многу тешко, ама свесна си дека треба што поскоро да дознаеш на што си Особено ако си бремена.
Те сфаќам и знам дека ти е многу тешко ама пробај да се смириш, за сè има решение. И знам дека звучи клише ама пробај да задржиш позитивна мисла Ние не можеме многу да ти помогнеме ама барем можеш со нас да си направиш муабет и да ти олесни. Ќе биде добро, без грижи
Фала ви од срце, ако е бременост нажалост нема да ја задржам..а постам до Велигден зар сеа вакви одлуки
Имаш време, ќе размислиш со ладна глава. Прво треба да знаеш на што си па после ќе одлучуваш, не се стресирај пред време.
Па и трето да е баш убаво. Дар од Бога, баш и кога постиш ти се случило. Мене ми личи на невалиден, а последниот негативен ама пак провери си преку крв.
Многу сакам да е така, ама никогаш не ми доцни, дури после пород одма на ист ден почнав да добивам. Никогаш до сега не ми доцнело а да не сум трудна